Република Северна Македонија


Министерство за транспорт

  • Насловна
  • Министерство
    • Органограм
    • Раководна структура
      • Министер
      • Заменик министер
      • Државен секретар
    • Сектори
      • Поддршка на Министерот
      • Општи работи
      • Патен сообраќај
      • Железници
      • Европска Унија
      • Сектор за воздухопловство
      • Финансиски прашања
      • Уредување на простор
      • Документирање и управување со градежно земјиште
      • Нормативни и правни работи
      • Управно надзорни работи
      • Станбено-комунални работи и инфраструктура
      • Прекршоци
    • Државни советници
      • Советници
    • Органи во состав на министерството
      • Капетанија на пристаништата
      • Управа за сигурност во железничкиот систем
    • Независни оделенија
      • Внатрешна ревизија
      • Човечки ресурси
      • Стратешко планирање
  • Медиа центар
    • Вести
    • Соопштенија
    • Интервјуа
    • Покана до медиуми
    • Односи со јавност
  • Огласна табла
    • Јавни oбјави
    • Испити
    • Јавни огласи
  • Регулатива
    • Градење
    • Урбанизам
    • Градежно земјиште
    • Патен сообраќај
    • Железнички сообраќај
    • Воздухопловство
    • Внатрешна пловидба
    • Станбена и комунална изградба и домување
    • Поштенски услуги
  • Проекти Светска банка
    • Проект за локални патишта LRCP
    • Проект за олеснување на транспорт и трговија TTFP
  • Јавни набавки
    • Огласи за јавни набавки
    • Склучени договори
  • Финансии
    • Буџет
  • Уредување на просторот
    • Планска/Проектна програма за планови и проекти
    • СОЗЖС
    • Завршени урбанистички проекти
    • Завршени урбанистички планови
    • Јавен увид
    • Стручен испит за урбанистичко планирање
    • Стручна и јавна расправа
  • Контакт
Твининг проект - Поддршка на инспекциските служби за превоз на патници и стоки
22.01.2025

На 22 јануари 2025 година,  се одржи јавниот настан за отворање на твининг проектот финансиран од ЕУ, IPA 2022, „Поддршка на инспекциските служби за превоз на патници и стоки“, во хотел Лимак.

Проектот e  спроведен во Државниот транспортен инспекторат на Северна Македонија, во соработка со партнерите од земјите-членки - Генералниот инспекторат за патен транспорт во Варшава, Полска и хрватското Министерство за море, транспорт и инфраструктура. Спроведувањето на проектот започна на 15 октомври 2024 година и ќе трае 24 месеци. Буџетот за реализација на проектот изнесува 1.300.000 евра.

Цел и фокус

Општата цел на на овој Твиниг проект е да ја подобри безбедноста на патниот транспорт во Северна Македонија, како и неговата усогласеност со европското законодавство.

Поставените поедини цели ќе се сосредоточат на зајакнување на оперативните капацитети и административната ефикасност на Државниот инспекторат за транспорт (ДТИ), преку обезбедување на соодветно спроведување на националните стандарди и стандардите на ЕУ за патни и внатрешни инспекции на превозниците на стоки и патници. Што се однесува до придонесот кон партнерството за пристапување, проектот има за цел да го поддржи натамошното усогласување на законодавството за транспортни политики со правото на ЕУ и зајакнување на капацитетите на националните власти коишто се одговорни за имплементација законодавство за транспорт, вклучувајќи развивање на административни, инспекциските и други технички капацитети.

Динамична соработка и експертиза

Извонреден аспект на овој проект е обемот на соработката: ќе вклучува околу 50 експертски мисии, во коишто ќе учествуваат 28 полски експерти и 14 хрватски експерти. Овие мисии претставуваат неспоредлива можност за размена на знаење, изградба на технички капацитети и постигнување влијателни резултати преку заедничко знаење и најдобри практики. Секојата мисија ќе биде внимателно усогласена со структурните компоненти и цели на проектот.

Структура на проектот и клучни резултати

Проектот е организиран во три компоненти, со следните клучни резултати и подрезултати:

Компонента 1: Зајакнување на регулаторната и организациската рамка на ДИТ

  • Подготвување и консултирање на правилници за тахографи, големина и димензии на возила, ADR, AETR, ATP, превоз на животни и емисиони класи за да се обезбеди усогласеност со ЕУ стандардите. Ревизија и поедноставување на организациската структура на ДИТ.
  • Развој на план за развој на ДИТ кој ги опфаќа потребите за човечки ресурси, опрема, системи и податоци.

Компонента 2: Развивање алатки за откривање, проценка и спроведување на прекршоци

  • Создавање на раководства за инспекциите на ДИТ, вклучувајќи стандардни оперативни процедури, работни текови, листи за проверка, барања за податоци и упатства за контролните активности.
  • Зајакнување на рамката за следење на перформансите на инспекторите на ДИТ, вклучувајќи месечни цели и планови за инспекција.

Компонента 3: Подобрување на оперативното знаење

  • Развивање капацитет за откривање и справување со прекршувања во просториите на транспортните компании.
  • Зајакнување на административните процедури за меѓународните и националните превозници.
  • Подобрување на способностите за откривање и решавање прекршувања поврзани со работните часови на возачите, користејќи софтвер за анализа на тахографи.
  • Зајакнување на капацитетите за идентификување и решавање прекршувања поврзани со техничките услови на возилата, вклучувајќи емисии на издувни гасови, квалитет на горивото, безбедност и ограничувачи на брзина.
  • Подобрување на способноста за управување со прекршувања на тежината и димензиите користејќи преносни ваги и релевантен софтвер.
  • Подобрување на компетенциите за откривање и справување со прекршувања во превозот на опасни стоки (ADR), стоки подложни на расипување (ATP) и превоз на животни.
  • Зајакнување на капацитетите за инспекција на безбедноста на патиштата, вклучувајќи идентификување на дефекти на патната инфраструктура.

Посветеност на целите на проектот

Во рамките на дадените капацитети и расположливиот буџет, Проектот е целосно посветен на решавање и обезбедување поддршка за клучните елементи наведени во договорот за проектот.



За нас

Раководна структура

Организациона шема

Кодекс за административни службеници

Програма

Останати линкови

Влада на Република Северна Македонија

Собрание

Влада на РСМ - Услуги

Останати линкови

Социјални мрежи

Facebook

Youtube