Република Северна Македонија


Министерство за транспорт

  • Насловна
  • Министерство
    • Органограм
    • Раководна структура
      • Министер
      • Заменик министер
      • Државен секретар
    • Сектори
      • Поддршка на Министерот
      • Општи работи
      • Патен сообраќај
      • Железници
      • Европска Унија
      • Сектор за воздухопловство
      • Финансиски прашања
      • Уредување на простор
      • Документирање и управување со градежно земјиште
      • Нормативни и правни работи
      • Управно надзорни работи
      • Станбено-комунални работи и инфраструктура
      • Прекршоци
    • Државни советници
      • Советници
    • Органи во состав на министерството
      • Капетанија на пристаништата
      • Управа за сигурност во железничкиот систем
    • Независни оделенија
      • Внатрешна ревизија
      • Човечки ресурси
      • Стратешко планирање
  • Медиа центар
    • Вести
    • Соопштенија
    • Интервјуа
    • Покана до медиуми
    • Односи со јавност
  • Огласна табла
    • Јавни oбјави
    • Испити
    • Јавни огласи
  • Регулатива
    • Градење
    • Урбанизам
    • Градежно земјиште
    • Патен сообраќај
    • Железнички сообраќај
    • Воздухопловство
    • Внатрешна пловидба
    • Станбена и комунална изградба и домување
    • Поштенски услуги
  • Проекти Светска банка
    • Проект за локални патишта LRCP
    • Проект за олеснување на транспорт и трговија TTFP
  • Јавни набавки
    • Огласи за јавни набавки
    • Склучени договори
  • Финансии
    • Буџет
  • Уредување на просторот
    • Планска/Проектна програма за планови и проекти
    • СОЗЖС
    • Завршени урбанистички проекти
    • Завршени урбанистички планови
    • Јавен увид
    • Стручен испит за урбанистичко планирање
    • Стручна и јавна расправа
  • Контакт
Вицепремиерот Николоски на средба со министерот за економија и извоз на Обединетото Кралство, Герет Томас: Во фокусот економската и стратешка соработка помеѓу двете држави
23.04.2025
Македонија и Обединетото Кралство имаат силни економски односи, трговската соработка е на високо ниво, а можноста за зацврстување на таквата соработка ја гледаме преку нови инвестиции и пренесување на нови искуства и знаења, истакна потпретседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски на средбата со Герет Томас, министер за економија и извоз во Владата на Обединетото Кралство.
 
Обединетото Кралство е стратешки партнер и силен подржувач на Република Македонија во регионалниот развој. Оттука, потенцираше вицепремиерот Николоски, инвестициите од Обединетото Кралство имаат значаен удел во развој на македонската економија.
 
На средбата на која беа презентирани условите за инвестирање, се разговараше за новите текови во економските односи меѓу двете земји со посебен фокус на инвестиции во инфраструктурата. Притоа потенцирано беше дека Македонија се наоѓа во еден силен инвестициски циклус, особено во патната и железничката инфраструктура, како значаен сегмент во регионалниот развој.  
 
Исто така вицепремиерот Николоски ги истакна економските реформи и развојот на земјата, притоа ја нагласи можноста за воспоставување на нови стратешки партнерства меѓу Македонија и Обединетото Кралство во развој и реализација на регионални инфраструктурни проекти.
 
На средбата беа потврдени и добрите политички односи меѓу двете земји.
  
Делегацијата предводена од вицепремиерот Николоски денеска ја продолжува работната посета на Обединетото Кралство, каде ќе се остварат низа средби со бизнис заедницата во Лондон, а во текот на утрешниот ден ќе се одржи средба и со Стефан Доти, министер задолжен за Европа, како и со Дејм Карен, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан.
 
Посетата на Обединетото Кралство е во рамките на владините политики за зацврстување на стратешките односи меѓу двете земји и можноста за зголемување на економската и трговска соработка.
 
Во структурата на надворешната трговска размена, Обединетото Кралство е рангирано на второ место на листата земји со кои Македонија остварува најголем обем на трговска размена.    


За нас

Раководна структура

Организациона шема

Кодекс за административни службеници

Програма

Останати линкови

Влада на Република Северна Македонија

Собрание

Влада на РСМ - Услуги

Останати линкови

Социјални мрежи

Facebook

Youtube