Република Северна Македонија


Министерство за транспорт

  • Насловна
  • Министерство
    • Органограм
    • Раководна структура
      • Министер
      • Заменик министер
      • Државен секретар
    • Сектори
      • Поддршка на Министерот
      • Општи работи
      • Патен сообраќај
      • Железници
      • Европска Унија
      • Сектор за воздухопловство
      • Финансиски прашања
      • Уредување на простор
      • Документирање и управување со градежно земјиште
      • Нормативни и правни работи
      • Управно надзорни работи
      • Станбено-комунални работи и инфраструктура
      • Прекршоци
    • Државни советници
      • Советници
    • Органи во состав на министерството
      • Капетанија на пристаништата
      • Управа за сигурност во железничкиот систем
    • Независни оделенија
      • Внатрешна ревизија
      • Човечки ресурси
      • Стратешко планирање
  • Медиа центар
    • Вести
    • Соопштенија
    • Интервјуа
    • Покана до медиуми
    • Односи со јавност
  • Огласна табла
    • Јавни oбјави
    • Испити
    • Јавни огласи
  • Регулатива
    • Градење
    • Урбанизам
    • Градежно земјиште
    • Патен сообраќај
    • Железнички сообраќај
    • Воздухопловство
    • Внатрешна пловидба
    • Станбена и комунална изградба и домување
    • Поштенски услуги
  • Проекти Светска банка
    • Проект за локални патишта LRCP
    • Проект за олеснување на транспорт и трговија TTFP
  • Јавни набавки
    • Огласи за јавни набавки
    • Склучени договори
  • Финансии
    • Буџет
  • Уредување на просторот
    • Планска/Проектна програма за планови и проекти
    • СОЗЖС
    • Завршени урбанистички проекти
    • Завршени урбанистички планови
    • Јавен увид
    • Стручен испит за урбанистичко планирање
    • Стручна и јавна расправа
  • Контакт
Владата донираше градежна машина и светилки за улично осветлување за граѓаните од Голо Брдо
31.07.2023
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, во присуство на министерот Бочварски, директорот на ЈП за одржување на магистрални и регионални патишта Костадин Ацевски, пратеници и амбасадорот на Република Северна Макеоднија во Албанија, денеска остварија средба со Македонци од месноста Голо Брдо од Албанија.

Во рамки на Акцискиот план за поддршка на Македонците во Голо Брдо и Пустец, премиерот донираше градежна машина и сијалици за улично осветлување, со што се реализираше уште едно барање од заедничкиот договор на Македонците, од овие краеви. 

Во своето обраќање, прмиерот Ковачевски истакна:
"Акцискиот план за поддршка на нашите Македонци од Голо Брдо и Пустец ја покажува нашата поддршка за подобрување на условите за живеење на нашинците кои живеат овде. Денеска со донација на градежна машина и сијалици за улично осветлување одговараме на уште едно барање на нашите Македонци, и го исполнуваме нашиот заеднички договор.

Сакам да најавам уште еден многу важен проект од Акцискиот план чија реализација е во тек, а беше децениско барање и децениски проблем во овој дел од  Албанија, а тоа е граничниот премин Требиште-Џепиште кој што е од исклучителна важност за македонското население во регионот од Голо Брдо да почне да функционира 24 часа. Има еден инфраструктурен дел кој треба  да се направи на албанска страна, има делови кој што треба да се договорат помеѓу Министерствата за внатрешни работи меѓу тоа и денес заедно со премиерот на Албанија Еди Рама разговаравме и ресорните министри веќе се запознаени од двете држави за начинот на кој треба да го санираме и да го решиме овој долгогодишен проблем кој што Македонците од Голо Брдо го имаат, а пред се сè однесува на непречено 24 часа комуникација на граничните премини меѓу двете држави.

Владата спроведува и повеќе активности во однос на зголемување на бројот на стипендии за студирање на високо образовните институции во нашата држава, продолжуваме и со финансирање проекти за дијаспората, вклучително и за Македонците од Албанија.

Посветено работиме на проширувањето на соработката меѓу надлежните институции на Албанија за сите прашања од интерес на нашите Македонците кои живеат во Албанија, како што се во делот на пописот, во делот на организацијата во локалната самоуправа и во други области од секојдневното живеење. Со конкретни проекти правиме се за подобрување на нивниот живот, континуирано помагаме за подобрување на условите на живеење на нашинците, ги подобруваме условите за работа во училиштата, финансиски го помагаме комуналното уредување на општините каде живее македонско население.

Денес имав убав повод за средба со нашите Македонци и во рамките на ова средба практично направивме донација од машина која што ќе ја користат во текот на зимските месеци за чистење на снегот и улично осветлување, вкупната донација е од 1 милион денари и таа веднаш ќе биде предадена и ќе биде користена во Голо Брдо како и во другите општини кој што се населени со Македонци, сакам уште еднаш да им посакам добредојде на  нашите сограѓани на нашите македонци кој живеат во Албанија  и како и тие сами кажуваат овде се чувствуваат како дома бидејќи и Албанија и Северна Македонија се држави кој што во моментов имаат односи кој што се на исклучително високо и пријателско ниво. Добредојдовте уште еднаш и нека е со среќа“.



За нас

Раководна структура

Организациона шема

Кодекс за административни службеници

Програма

Останати линкови

Влада на Република Северна Македонија

Собрание

Влада на РСМ - Услуги

Останати линкови

Социјални мрежи

Facebook

Youtube