Република Северна Македонија


Министерство за транспорт

  • Насловна
  • Министерство
    • Органограм
    • Раководна структура
      • Министер
      • Заменик министер
      • Државен секретар
    • Сектори
      • Поддршка на Министерот
      • Општи работи
      • Патен сообраќај
      • Железници
      • Европска Унија
      • Сектор за воздухопловство
      • Финансиски прашања
      • Уредување на простор
      • Документирање и управување со градежно земјиште
      • Нормативни и правни работи
      • Управно надзорни работи
      • Станбено-комунални работи и инфраструктура
      • Прекршоци
    • Државни советници
      • Советници
    • Органи во состав на министерството
      • Капетанија на пристаништата
      • Управа за сигурност во железничкиот систем
    • Независни оделенија
      • Внатрешна ревизија
      • Човечки ресурси
      • Стратешко планирање
  • Медиа центар
    • Вести
    • Соопштенија
    • Интервјуа
    • Покана до медиуми
    • Односи со јавност
    • Фото галерија
  • Огласна табла
    • Јавни oбјави
    • Испити
    • Јавни огласи
  • Регулатива
    • Градење
    • Урбанизам
    • Градежно земјиште
    • Патен сообраќај
    • Железнички сообраќај
    • Воздухопловство
    • Внатрешна пловидба
    • Станбена и комунална изградба и домување
    • Поштенски услуги
  • Проекти Светска банка
    • Проект за локални патишта LRCP
    • Проект за олеснување на транспорт и трговија TTFP
  • Финансии
    • Буџет
  • Јавни набавки
    • Огласи за јавни набавки
    • Склучени договори
  • Уредување на просторот
    • Планска/Проектна програма за планови и проекти
    • СОЗЖС
    • Завршени урбанистички проекти
    • Завршени урбанистички планови
    • Јавен увид
    • Стручен испит за урбанистичко планирање
    • Стручна и јавна расправа
  • Контакт
Анѓушев и Сугарески на средба со МЖ транспорт – Наследена е тешка финансиска состојба, Владата бара долгорочно решение за надминување на проблемите
07.02.2018

Заменик претседателот на Владата на Република Македонија д-р Кочо Анѓушев и министерот за транспорт и врски м-р Горан Сугарески, денес остварија средба со раководството на Македонски железници транспорт А.Д. Скопје.

На средбата беше направен пресек на работата како и презентација на моменталната состојба на претпријатието од страна на претседателот на управниот одбор и генерален директор Љубиша Ристиќ.

Направените анализи покажуваат дека е наследена тешка финанска состојба, која произлегува од непродуктини трошоци и несоодветни инвестиции кои не послужиле за зголемување на продуктивноста, конкурентноста и ефикасноста, напротив создале дополнителен финансиски товар за претпријатието, што резултира со зголемување на долговите и загубите на акционерското друштво.

Утврдено е дека постојат повеќегодишни  проблеми со кои се соочува МЖ транспорт, недомаќинско работење и несервисирање на долговите, што довело до загрозување на ликвидноста на компанијата.

По направениот пресек, на состанокот, вицепремиерот Анѓушев и министерот Сугарески разгледуваа опции и предложија потенцијални решенија за надминување на состојбата. Едно од предложените краткорочни решенија е да се репарираат постоечките вагони со што ќе се зголеми транспортниот капацитет на стоки преку железницата, со што железничкиот транспорт би станал поефикасен и поатрактивен за компаниите кои увезуваат или извезуваат производи, со што би се зголемиле приходите на МЖ транспорт и би се подобрила ликвидноста на претпријатието.

Извор: Влада на РМ




За нас

Раководна структура

Организациона шема

Кодекс за административни службеници

Програма

Останати линкови

Влада на Република Северна Македонија

Собрание

Влада на РСМ - Услуги

Останати линкови

Социјални мрежи

Facebook

Youtube