Република Северна Македонија


Министерство за транспорт

  • Насловна
  • Министерство
    • Органограм
    • Раководна структура
      • Министер
      • Заменик министер
      • Државен секретар
    • Сектори
      • Поддршка на Министерот
      • Општи работи
      • Патен сообраќај
      • Железници
      • Европска Унија
      • Сектор за воздухопловство
      • Финансиски прашања
      • Уредување на простор
      • Документирање и управување со градежно земјиште
      • Нормативни и правни работи
      • Управно надзорни работи
      • Станбено-комунални работи и инфраструктура
      • Прекршоци
    • Државни советници
      • Советници
    • Органи во состав на министерството
      • Капетанија на пристаништата
      • Управа за сигурност во железничкиот систем
    • Независни оделенија
      • Внатрешна ревизија
      • Човечки ресурси
      • Стратешко планирање
  • Медиа центар
    • Вести
    • Соопштенија
    • Интервјуа
    • Покана до медиуми
    • Односи со јавност
    • Фото галерија
  • Огласна табла
    • Јавни oбјави
    • Испити
    • Јавни огласи
  • Регулатива
    • Градење
    • Урбанизам
    • Градежно земјиште
    • Патен сообраќај
    • Железнички сообраќај
    • Воздухопловство
    • Внатрешна пловидба
    • Станбена и комунална изградба и домување
    • Поштенски услуги
  • Проекти Светска банка
    • Проект за локални патишта LRCP
    • Проект за олеснување на транспорт и трговија TTFP
  • Финансии
    • Буџет
  • Јавни набавки
    • Огласи за јавни набавки
    • Склучени договори
  • Уредување на просторот
    • Планска/Проектна програма за планови и проекти
    • СОЗЖС
    • Завршени урбанистички проекти
    • Завршени урбанистички планови
    • Јавен увид
    • Стручен испит за урбанистичко планирање
    • Стручна и јавна расправа
  • Контакт
Демант 27.10.2016
27.10.2016

Најостро ги осудуваме информациите објавени во дел од медиумите во кој се наведува дека одреден економски оператор без тендер ќе реконструира дел скопската Обиколница која беше уништена од поплавите. Сакаме да информираме дека целата постапка е спроведена транспарентно и согласно важечките законски прописи во Република Македонија.

Елементарната природна непогода, која на 06 август 2016 година во попладневните часови го зафати Скопскиот регион, направи големи оштетувања и на државниот пат А2, односно на делници од обиколницата на Скопје. Претставници на стручни служби од Јавното претпријатие за државни патишта и Градежен факултет излегоа на лице место и извршија детален увид на настанатите штети по што се изработи индикативен предмер со количини од постојаниот проект на изведена состојба на работите кои беа предмет на реконструкција на ниво на првобитна состојба, состојба која ќе овозможи уредно, непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.

По утврдување на потребните количини за итна санација на Обиколницата на Скопје, Јавното претпријатие за државни патишта согласно важечкиот Закон за јавни набавки достави барање за добивање на согласност до Советот за јавни набавки за користење на постапка со преговарање без објавување на оглас од причини од крајна итност. Имено Јавното претпријатие за државни патишта не можеше да ги предвиди настаните кои доведоа до крајна итност затоа што се предизвикани од објективни околности на кои неможеше да се влијае.

На 15.09.2016 година Советот за јавни набавки донесе Решение со кое се дава согласност за користење на постапка со преговарање без објавување на оглас од причини од крајна итност.

На 16.09.2016 година беа доставени покани за преговарање до следните 5 (пет) економски оператори и тоа:

-  ТДГПТУ ИЛИНДЕН АД – Струга

-  ДГТТ ТРАНСМЕТ ДОО – Скопје

-  ДПТУ ЕСКАВАТОРИ – МК ДООЕЛ – Скопје

-  ДГ БЕТОН АД – Скопје

-  ГД ГРАНИТ АД – Скопје

Сите 5 (пет) економски оператори доставија свои понуди и учествуваа на преговорите при што беше избран економскиот оператор ДГТТ ТРАНСМЕТ ДОО – Скопје кој понуди најниска прифатлива цена и тоа во износ од 139.976.534,00 денари без вклучено ДДВ или 165.172.310,00 денари со вклучено ДДВ.

Временскиот рок за санација на државниот пат А2, Обиколница на Скопје е 4 (четири) месеци од воведување во работа. Изведувачот е воведен во работа на ден 21.10.2016 година и во моментот во постапка е одобрување на времен режим на сообраќај. Во времетраење на договорот е опфатен и гарантниот рок од 24 месеци.




За нас

Раководна структура

Организациона шема

Кодекс за административни службеници

Програма

Останати линкови

Влада на Република Северна Македонија

Собрание

Влада на РСМ - Услуги

Останати линкови

Социјални мрежи

Facebook

Youtube