Република Северна Македонија


Министерство за транспорт

  • Насловна
  • Министерство
    • Органограм
    • Раководна структура
      • Министер
      • Заменик министер
      • Државен секретар
    • Сектори
      • Поддршка на Министерот
      • Општи работи
      • Патен сообраќај
      • Железници
      • Европска Унија
      • Сектор за воздухопловство
      • Финансиски прашања
      • Уредување на простор
      • Документирање и управување со градежно земјиште
      • Нормативни и правни работи
      • Управно надзорни работи
      • Станбено-комунални работи и инфраструктура
      • Прекршоци
    • Државни советници
      • Советници
    • Органи во состав на министерството
      • Капетанија на пристаништата
      • Управа за сигурност во железничкиот систем
    • Независни оделенија
      • Внатрешна ревизија
      • Човечки ресурси
      • Стратешко планирање
  • Медиа центар
    • Вести
    • Соопштенија
    • Интервјуа
    • Покана до медиуми
    • Односи со јавност
  • Огласна табла
    • Јавни oбјави
    • Испити
    • Јавни огласи
  • Регулатива
    • Градење
    • Урбанизам
    • Градежно земјиште
    • Патен сообраќај
    • Железнички сообраќај
    • Воздухопловство
    • Внатрешна пловидба
    • Станбена и комунална изградба и домување
    • Поштенски услуги
  • Проекти Светска банка
    • Проект за локални патишта LRCP
    • Проект за олеснување на транспорт и трговија TTFP
  • Јавни набавки
    • Огласи за јавни набавки
    • Склучени договори
  • Финансии
    • Буџет
  • Уредување на просторот
    • Планска/Проектна програма за планови и проекти
    • СОЗЖС
    • Завршени урбанистички проекти
    • Завршени урбанистички планови
    • Јавен увид
    • Стручен испит за урбанистичко планирање
    • Стручна и јавна расправа
  • Контакт
До крај на годинава ќе се заврши 50% од автопатот Кичево - Охрид
03.06.2016

Министерот за транспорт и врски Владо Мисјаловски заедно со директорот на ЈП за државни патишта Александар Стојанов извршија увид во изградбата на автопатот од Кичево до Охрид.

Денеска сме во посета на кичевско – охридскиот регион каде извршивме увид во изградбата на новиот автопат од Кичево до Охрид.  Ова е најголемата капитална инвестиција во последните неколку децении што ја реализираме во Република Македонија вредна 374 милиони евра. Ова практично е најголемиот автопат што до сега се гради во земјава. Она што до сега го видов на терен и ме информираа е дека е до сега пробиени над 80 % од трасата. Во моментов се работи на пробивање на тунелот кај Пресека кој е најголем во државата и е во должина од  околу 2 км, изјави министерот Мисајловски.

Интензивно се работи на неколку локации истовремено, се со цел да се испочитува договорот за изградба. Очекувам дека до крај на оваа година ќе бидат завршени 50% од градежните работи, потенцираше министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски.

Договорот за изградба едо 2018 година, секогаш постојат непредвидени работи во градежништвото, но ако динамиката на изградба се одвива со ова темпо автопатот ќе биде завршен во предвидениот рок, рече Мисајловски.

Мисајловски потенцираше дека покрај овој автопат истовремено се работи и на автопатот Миладиновци – Штип како и на делницата Демир Капија – Смоквица, реконструкција на  автопатските делници од Куманово до Миладиновци и од Смоквица до Гевгелија или вкупна инвестиција од преку 800 милиони евра.

На оваа делница моментално работат преку 1200 работници и над 550 градежни машини, што е најголема концентрација на работна сила во изградбата на капиталните проекти, изјави директорот на ЈП за државни патишта Александар Стојановски.

Тој додаде дека градежните работи на автопатот се одвиваат според предвидената динамика. Исто така потенцираше дека за време на летниот период ќе се постави дополнитлна патна сигнализација за да се зголеми безбедноста во сообраќајот, особено во туристичката сезона кога фреквенцијата на возила се зголемува.




За нас

Раководна структура

Организациона шема

Кодекс за административни службеници

Програма

Останати линкови

Влада на Република Северна Македонија

Собрание

Влада на РСМ - Услуги

Останати линкови

Социјални мрежи

Facebook

Youtube