Република Северна Македонија


Министерство за транспорт

  • Насловна
  • Министерство
    • Органограм
    • Раководна структура
      • Министер
      • Заменик министер
      • Државен секретар
    • Сектори
      • Поддршка на Министерот
      • Општи работи
      • Патен сообраќај
      • Железници
      • Европска Унија
      • Сектор за воздухопловство
      • Финансиски прашања
      • Уредување на простор
      • Документирање и управување со градежно земјиште
      • Нормативни и правни работи
      • Управно надзорни работи
      • Станбено-комунални работи и инфраструктура
      • Прекршоци
    • Државни советници
      • Советници
    • Органи во состав на министерството
      • Капетанија на пристаништата
      • Управа за сигурност во железничкиот систем
    • Независни оделенија
      • Внатрешна ревизија
      • Човечки ресурси
      • Стратешко планирање
  • Медиа центар
    • Вести
    • Соопштенија
    • Интервјуа
    • Покана до медиуми
    • Односи со јавност
  • Огласна табла
    • Јавни oбјави
    • Испити
    • Јавни огласи
  • Регулатива
    • Градење
    • Урбанизам
    • Градежно земјиште
    • Патен сообраќај
    • Железнички сообраќај
    • Воздухопловство
    • Внатрешна пловидба
    • Станбена и комунална изградба и домување
    • Поштенски услуги
  • Проекти Светска банка
    • Проект за локални патишта LRCP
    • Проект за олеснување на транспорт и трговија TTFP
  • Јавни набавки
    • Огласи за јавни набавки
    • Склучени договори
  • Финансии
    • Буџет
  • Уредување на просторот
    • Планска/Проектна програма за планови и проекти
    • СОЗЖС
    • Завршени урбанистички проекти
    • Завршени урбанистички планови
    • Јавен увид
    • Стручен испит за урбанистичко планирање
    • Стручна и јавна расправа
  • Контакт
Николоски: Имаме добра соработка со Светска банка, нудиме многу проекти за граѓаните и модернизација на инфраструктурата
18.07.2024

Урбан развој на општините и подобрување на локалната економија е еден од приоритетите на Владата, истакна заменик на претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски на средбата со Шаошинг Ју, директорка на Светска банка за Западен Блакан и Масимилијано Паолучи, директор на канцеларијата на Светска Банка за Македонија и Косово. 

Министерот Николоски потенцираше дека Владата преку Министерството за транспорт го започнува најголемиот инвестициски циклус во развој и модернизација на целокупната инфраструктурата.

Според министерот, инвестициите во капитални добра носат дополнителен бенефит за граѓаните и ја стимулираат економијата на државата. 

На средбата со претставниците од Светска Банка се разговараше и за реализација на инфраструктурните проекти што се реализираат токму со финансиска поддршка од Банката.

Министерот го потенцираше проектот "Олеснување на транспортот и трговијата за Западен Балкан" преку кој во скоро време ќе започне реконструкција на граничните премини Ќафасан и Деве Баир. 

Исто така во рамки на соработката со Светска банка се посочи и проектот за воведување на едношалтерски систем преку кој ќе се зголеми ефикасноста во работењето на сите гранични премини.

Министерот изрази благодарност за досегашната соработка посебно во делот на изградба и реконструкција на локалните улици и патишта како клучен проект за урбан развој на општините и подобрување на безбедноста во сообраќајот.

„Светска банка е долгогодишен партнер на Македонија. Имаме одлична соработка особено за проекти во ресорот со кој раководам. Во следниот период ќе реализираме сериозни инфраструктурни проекти предвидени во владината програма за работа и таму кај што ќе имаме обостран интерес би можеле да ја зголемиме соработката со Банката. Нашата цел е на граѓаните да им овозможиме квалитетна и безбедна инфраструктура бидејќи парите што тие ги даваат во буџетот мора разумно да ги инвестираме во издржани проекти", истакна министерот Николоски по средбата.



За нас

Раководна структура

Организациона шема

Кодекс за административни службеници

Програма

Останати линкови

Влада на Република Северна Македонија

Собрание

Влада на РСМ - Услуги

Останати линкови

Социјални мрежи

Facebook

Youtube