Република Северна Македонија


Министерство за транспорт

  • Насловна
  • Министерство
    • Органограм
    • Раководна структура
      • Министер
      • Заменик министер
      • Државен секретар
    • Сектори
      • Поддршка на Министерот
      • Општи работи
      • Патен сообраќај
      • Железници
      • Европска Унија
      • Сектор за воздухопловство
      • Финансиски прашања
      • Уредување на простор
      • Документирање и управување со градежно земјиште
      • Нормативни и правни работи
      • Управно надзорни работи
      • Станбено-комунални работи и инфраструктура
      • Прекршоци
    • Државни советници
      • Советници
    • Органи во состав на министерството
      • Капетанија на пристаништата
      • Управа за сигурност во железничкиот систем
    • Независни оделенија
      • Внатрешна ревизија
      • Човечки ресурси
      • Стратешко планирање
  • Медиа центар
    • Вести
    • Соопштенија
    • Интервјуа
    • Покана до медиуми
    • Односи со јавност
  • Огласна табла
    • Јавни oбјави
    • Испити
    • Јавни огласи
  • Регулатива
    • Градење
    • Урбанизам
    • Градежно земјиште
    • Патен сообраќај
    • Железнички сообраќај
    • Воздухопловство
    • Внатрешна пловидба
    • Станбена и комунална изградба и домување
    • Поштенски услуги
  • Проекти Светска банка
    • Проект за локални патишта LRCP
    • Проект за олеснување на транспорт и трговија TTFP
  • Јавни набавки
    • Огласи за јавни набавки
    • Склучени договори
  • Финансии
    • Буџет
  • Уредување на просторот
    • Планска/Проектна програма за планови и проекти
    • СОЗЖС
    • Завршени урбанистички проекти
    • Завршени урбанистички планови
    • Јавен увид
    • Стручен испит за урбанистичко планирање
    • Стручна и јавна расправа
  • Контакт
ЈПДП постави ново осветлување на дел од автопатот А2 и А4
28.04.2018

ЈП за државни патишта заврши со осветлување на дел од автопат А2 и А4 во вкупна должина од 12 километри. Притоа пуштено во функција е осветлувањето на делниците:

-  Делница клучка Хиподром – клучка Белви – клучка Илинден, каде е осветлена патна делница во должина од 5,5 километри.

-  Делница клучка Хиподром – клучка Кадино, каде е осветлена патна делница во должина од 6,5 километри.

Вкупно се поставени 276 канделабри со 585 светилки. Вредноста на инвестицијата е  61 милион денари,  средства кои се обезбедени од буџетот на  Јавното претпријатие за државни патишта.

Целото осветлување е управувано од централен систем за мониторинг од каде е овозможено во реално време да се врши далечинска контрола во зависнот од интензитетот на сообраќајот и временски услови на патните делници.

Исто така преку системот се врши детектирање и алармирање во случај на настанат дефект, кој помага во добивање навремена информација заради брзо отстранување на дефектот, преку што се обезбедува подобра безбедност на сообраќајот во ноќните часови.

На овие делници во системот се интегрирани и шест мини метеоролошки станици кои ја мерат температурата, влажноста и притисокот на воздухот, а постојат и услови за дополнително поставување на сензори за мерење на температурата на коловозот.

Сите овие информации и параметри од уредите на системот за мониторинг, управување и контрола на осветлувањето, се зачувуваат во посебна база на податоци и истите се користат за понатамошни анализи за поефикасно превентивно и периодично одржување, се со цел за зголемување на животниот век на поставената опрема и намалување на трошоците за одржување во периодот на експлоатација на објектите.





За нас

Раководна структура

Организациона шема

Кодекс за административни службеници

Програма

Останати линкови

Влада на Република Северна Македонија

Собрание

Влада на РСМ - Услуги

Останати линкови

Социјални мрежи

Facebook

Youtube