Најдоцна за еден месец ќе започне изградбата на експресниот пат од Штип до Радовиш. Вкупната должина на овој патен правец изнесува 23,5 километри, а инвестицијата е вредна околу 28 милиони евра. Ова денес на прес конференција го истакна министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.
Во продолжение следи интегрален текст од обраќањето на министерот Сугарески:
Денеска заедно со директорот
на Јавното претпријатие за државни патишта ќе го објавиме проектот за изградба
на експресниот пат Штип-Радовиш.
Инвестицискиот циклус во изградба
на капитални проекти што го најавивме продолжува и во наредниот период.
Изградбата на нови патишта и континуирано подобрување на патната инфраструктура
во Република Македонија останува врвен приоритет на оваа Влада.
Сакаме
да Ве информираме дека потпишавме Договор за изградба на експресен пат од Штип
до Радовиш. Должината на овој патен правец е 23,5 километри. Според договорот изградбата ќе се врши
на комплетна нова траса и тоа од местото Софилари пред Штип па се до Бучим.
Договорот
предвидува и одржување на комплетната
делница во рок од пет години.
Инвестицијата
за изградба на овој експресен пат изнесува 28 милиони евра, а средствата се веќе
обезбедени преку заем од Европската банка за обнова и развој. Очекуваме изградбата
на експресниот пат да започне за еден месец и да трае 3 години, односно тој да
биде завршен крајот на 2020 или почетокот на 2021 година.
Изградбата на овој патен
правец е од огромно значење за жителите од регионот. Земајќи во предвид дека
сообрајќајот на стариот регионален правец се одвива во отежнати услови од аспект
на безбедноста, се јави поребата за изградба на нов пат кој ќе го зголеми
квалитетот на сообраќајот во овој дел на Република Македонија.
Исто така, овој експресен
пат ќе биде продолжување на автопатот Миладиновци –Штип, кој очекуваме да биде
завршен следната година и се надеваме дека ова комплетно ново сообрајќајно
решение ќе допринесе за намалување на времето за транспорт на стоки и патници.
Во делот на експресните
патишта, сакам да Ве информирам дека е потпишан договор за изградба на втората фаза
од патниот правец Градско–Прилеп (делница Градско–Дреново). Изградбата
очекуваме да започне до крај на оваа година.
Пред потпишување сме и на
договорот за изградба на првата фаза од експресниот пат Ранковце–Крива Паланка
(делница Страцин–Длабочица).
Истовремено, во тек е и
изградбата на експресниот пат од Штип до Кочани. Тука се појавија проблеми во однос
на експропријација на земјиштето и три археолошки наоѓалишта, но ние сме
целосно посветени во надминување на овие проблеми и се надеваме дека ќе бидат
решени во најскоро време.
На крај, сакам да потенцирам
дека додека трае изградбата на новиот експресен пат од Штип до Радовиш, Јавното претпријатие за државни патишта ќе
изврши реконструкција преку проширување на веќе постечкиот регионален пат Штип -
Радовиш, инвестиција од 3 милиони евра, изјави министерот Сугарески.
Директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов го истакна следново:
Според проектната
документација, патот ќе има две ленти со широчина од 3,5 метри и две ленти за застанување со
широчина од 2 метри. Исто така предвидено е и поставување на заштитна ограда и
поставување на вертикална и хоризонтална сигнализација на ниво на експресен
пат. Максималната дозволена брзина ќе биде 110 километри на час. Предвидено е на
патот да бидат изградени 11 мостови, 22 пропусти, 3 натпатници и 2 потпатници, рече Китанов.