Континуиран раст на бројот на патници во авиосообраќајот
20.02.2018
Ве информираме дека бројот на превезени патници на двата аеродроми во Република Македонија во
континуитет бележи раст.
Во месец јануари 2018 година од двата аеродроми,
превезени се вкупно 151 381 патник, што претставува зголемување од 18,7 % споредено со јануари 2017 година.
На скопскиот аеродром, во месец
јануари оваа година регистрирани се вкупно 145 592 патници што во споредба со истиот месец
2017 година, кога биле превезени 123 118 патници, се забележува зголемување од 18,3%.
На аеродромот „Св.Апостол Павле“ во Охрид, бројот на превезени патници за месец јануари е
зголемен за 30,8% во однос на бројот на патници во јануари, изминатата година.
Владата на Република Македонија континуирано презема
мерки за развој на авиосообраќајот во земјата. Во таа насока, политиките на
Министерството за транспорт и врски се движат кон создавање на широка мрежа дестинации
достапни за граѓаните на Република Македонија.