Република Северна Македонија


Министерство за транспорт

  • Насловна
  • Министерство
    • Органограм
    • Раководна структура
      • Министер
      • Заменик министер
      • Државен секретар
    • Сектори
      • Поддршка на Министерот
      • Општи работи
      • Патен сообраќај
      • Железници
      • Европска Унија
      • Сектор за воздухопловство
      • Финансиски прашања
      • Уредување на простор
      • Документирање и управување со градежно земјиште
      • Нормативни и правни работи
      • Управно надзорни работи
      • Станбено-комунални работи и инфраструктура
      • Прекршоци
    • Државни советници
      • Советници
    • Органи во состав на министерството
      • Капетанија на пристаништата
      • Управа за сигурност во железничкиот систем
    • Независни оделенија
      • Внатрешна ревизија
      • Човечки ресурси
      • Стратешко планирање
  • Медиа центар
    • Вести
    • Соопштенија
    • Интервјуа
    • Покана до медиуми
    • Односи со јавност
  • Огласна табла
    • Јавни oбјави
    • Испити
    • Јавни огласи
  • Регулатива
    • Градење
    • Урбанизам
    • Градежно земјиште
    • Патен сообраќај
    • Железнички сообраќај
    • Воздухопловство
    • Внатрешна пловидба
    • Станбена и комунална изградба и домување
    • Поштенски услуги
  • Проекти Светска банка
    • Проект за локални патишта LRCP
    • Проект за олеснување на транспорт и трговија TTFP
  • Јавни набавки
    • Огласи за јавни набавки
    • Склучени договори
  • Финансии
    • Буџет
  • Уредување на просторот
    • Планска/Проектна програма за планови и проекти
    • СОЗЖС
    • Завршени урбанистички проекти
    • Завршени урбанистички планови
    • Јавен увид
    • Стручен испит за урбанистичко планирање
    • Стручна и јавна расправа
  • Контакт
Министерот Сугарески на министерската коференција ТНТ - Т денови 2018
25.04.2018

Mинистерот за транспорт и врски, Горан Сугарески учествува на меѓународната конференција “ТЕН-Т денови 2018” која се оддржува во Љубљана, Словенија. 

Во рамките на конференцијата која е посветена на равој на инфраструктурата во регионот, со посебен акцент на граничните премини и олеснување на транспортните услуги, министерот Сугарески ги претстави целите и проектите на Република Македонија за олеснување на транспортот на стока и патници со соседните земји. 

“Во рамки на Агендата за поврзаност, во тек е Проектот – Студија за олеснување на граничните постапки на седум гранични премини, дел од СЕЕТО главната и сеопфатната мрежа во Република Македонија. Во моментов, на сите гранични премини контролата се врши од двете страни на границите за патници и за стока. Наша заедничка цел кон која треба да се стремиме е воспоставување на заеднички контролина одредени гранични премини, за што Република Македонија има веќе превземно конкретни чекори,”истакна министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.

Mинистерот во своето обраќање го потенцираше проектот за изгрaдба на заеднички железнички премин со Република Србија што треба да се изгради кај Табановце.

“Како позитивен пример се интензивните активности кои ги превземаме заедно со Република Србија кои треба да резултираат со современ заеднички граничен железнички премин.

Што се однесува до олеснување на постапките за транспортните услуги со Косово, во наредниот период заедно со мојот колега од Косово ќе треба да ги дефинираме идните активности, имајќи предвид дека, согласно ратификуваната Спогодба, заедничката гранична железничка станица е предвидено да биде на косовска територија.  

Се надеваме дека во периодот кој претстои, вакви спогодби ќе потпишеме  и со Република Грција за двата гранични премини” истакна министерот Сугарески. 

Во рамките на конференцијата, министерот Сугарески оствари неформална средба со Еврокомесарката за транспорт, Виолета Булц, на која се разговараше за инфраструктурани проекти во Република Македонија и нивното финансирање со поддршката што ја овозможува Европската Унија.

 Исто така, министерот Сугарески оствари и билатерални средби со министрите за транспорт од регионот, на кои средби ги потенцира заложбите на Република Македонија за реализација на крупните инфраструктурани проекти за регионално поврзување. 




За нас

Раководна структура

Организациона шема

Кодекс за административни службеници

Програма

Останати линкови

Влада на Република Северна Македонија

Собрание

Влада на РСМ - Услуги

Останати линкови

Социјални мрежи

Facebook

Youtube