Република Северна Македонија


Министерство за транспорт

  • Насловна
  • Министерство
    • Органограм
    • Раководна структура
      • Министер
      • Заменик министер
      • Државен секретар
    • Сектори
      • Поддршка на Министерот
      • Општи работи
      • Патен сообраќај
      • Железници
      • Европска Унија
      • Сектор за воздухопловство
      • Финансиски прашања
      • Уредување на простор
      • Документирање и управување со градежно земјиште
      • Нормативни и правни работи
      • Управно надзорни работи
      • Станбено-комунални работи и инфраструктура
      • Прекршоци
    • Државни советници
      • Советници
    • Органи во состав на министерството
      • Капетанија на пристаништата
      • Управа за сигурност во железничкиот систем
    • Независни оделенија
      • Внатрешна ревизија
      • Човечки ресурси
      • Стратешко планирање
  • Медиа центар
    • Вести
    • Соопштенија
    • Интервјуа
    • Покана до медиуми
    • Односи со јавност
  • Огласна табла
    • Јавни oбјави
    • Испити
    • Јавни огласи
  • Регулатива
    • Градење
    • Урбанизам
    • Градежно земјиште
    • Патен сообраќај
    • Железнички сообраќај
    • Воздухопловство
    • Внатрешна пловидба
    • Станбена и комунална изградба и домување
    • Поштенски услуги
  • Проекти Светска банка
    • Проект за локални патишта LRCP
    • Проект за олеснување на транспорт и трговија TTFP
  • Јавни набавки
    • Огласи за јавни набавки
    • Склучени договори
  • Финансии
    • Буџет
  • Уредување на просторот
    • Планска/Проектна програма за планови и проекти
    • СОЗЖС
    • Завршени урбанистички проекти
    • Завршени урбанистички планови
    • Јавен увид
    • Стручен испит за урбанистичко планирање
    • Стручна и јавна расправа
  • Контакт
Министерот Сугарески од Брисел: Транспортните политики што ги преземаме се во насока на интеграција на Република Македонија во ЕУ
06.12.2017

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески претстојува во работна посета во Брисел како дел од владината делегација предводена од претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев.

Во рамките на посетата, министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески се обрати на министерскиот совет на земјите од Западен Балкан, основачи на Транспортната заедница, на кој состанок присуствуваше комесарката за транспортна политика на Европската комисија, Виолета Булц.

Во рамките на своето обраќање, министерот Сугарески истакна дека  Договорот за основање на транспортна заедница треба да обезбеди интеграција на транспортниот сектор на регионот со тој на Унијата, како една потврда на заложбите и поддршката на Европската Унија на политиката на проширување.

Целосното усогласување на домашната регулатива со регулативата на Европската Унија, нагласи министерот Сугарески, не е потребно само заради аспирациите на Република Македонија за членство во Унијата, туку пред се, заради подигнување на нивото на транспортните услуги и тоа во полза на корисниците и на давателите на услугите, што ќе претставува дополнителен придонес за развој на економијата и општеството во целина.

“Доколку се осврнеме на придобивките, предизвиците и очекувањата од претстојната имплементација на Договорот, најпрво сакам да истакнам дека ова е во согласност со започнатиот процес на интеграција на Република Македонија и нашите аспирации за членство во Унијата. Дополнително, глобализацијата и меѓузависноста на економиите, особено европските, во сите дејности вклучително и транспортот, претставува аргумент плус за претстојните реформи кои ќе бидат резултат на имплементацијата на Договорот”,  рече министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

Министерот Сугарески потенцираше дека основањето на Транспортната заедница ќе ги забрза секторските реформи и либерализацијата на пазарите во земјите до Западен Балкан, додека на подолг рок ќе придонесе за подобра ефикасност и пониски трошоци на транспортните услуги.

Во рамките на посетата во Брисел, министерот Сугарески присуствуваше а воедно се обрати и на 13-от состанок на Министрите за транспорт во рамките на СЕЕТО мрежата.


Во своето обраќање, тој потенцираше на важноста на изградба и моденизација на транспортните Коридори 8 и 10 кои имаат висок приоритет за Република Македонија, регионот и Европската Унија, како и заложбата на Владата на РМ за реализација на проектитете кои се одвиваат на овие коридори. 




За нас

Раководна структура

Организациона шема

Кодекс за административни службеници

Програма

Останати линкови

Влада на Република Северна Македонија

Собрание

Влада на РСМ - Услуги

Останати линкови

Социјални мрежи

Facebook

Youtube