Република Северна Македонија


Министерство за транспорт

  • Насловна
  • Министерство
    • Органограм
    • Раководна структура
      • Министер
      • Заменик министер
      • Државен секретар
    • Сектори
      • Поддршка на Министерот
      • Општи работи
      • Патен сообраќај
      • Железници
      • Европска Унија
      • Сектор за воздухопловство
      • Финансиски прашања
      • Уредување на простор
      • Документирање и управување со градежно земјиште
      • Нормативни и правни работи
      • Управно надзорни работи
      • Станбено-комунални работи и инфраструктура
      • Прекршоци
    • Државни советници
      • Советници
    • Органи во состав на министерството
      • Капетанија на пристаништата
      • Управа за сигурност во железничкиот систем
    • Независни оделенија
      • Внатрешна ревизија
      • Човечки ресурси
      • Стратешко планирање
  • Медиа центар
    • Вести
    • Соопштенија
    • Интервјуа
    • Покана до медиуми
    • Односи со јавност
  • Огласна табла
    • Јавни oбјави
    • Испити
    • Јавни огласи
  • Регулатива
    • Градење
    • Урбанизам
    • Градежно земјиште
    • Патен сообраќај
    • Железнички сообраќај
    • Воздухопловство
    • Внатрешна пловидба
    • Станбена и комунална изградба и домување
    • Поштенски услуги
  • Проекти Светска банка
    • Проект за локални патишта LRCP
    • Проект за олеснување на транспорт и трговија TTFP
  • Јавни набавки
    • Огласи за јавни набавки
    • Склучени договори
  • Финансии
    • Буџет
  • Уредување на просторот
    • Планска/Проектна програма за планови и проекти
    • СОЗЖС
    • Завршени урбанистички проекти
    • Завршени урбанистички планови
    • Јавен увид
    • Стручен испит за урбанистичко планирање
    • Стручна и јавна расправа
  • Контакт
Министерот Сугарески присуствуваше на јавната дебата за воведување на 5G
10.05.2018

Денеска се оддржа првата јавна расправа за воведување на 5G мобилната технологија, на која се истакнаа потребите за олесување на постпаките околу изградба на потребната инфраструктура. На јаваната расправа воведни обраќања имаа министерот за транспорт и врски и за информатичко општество и администрација.  

Во продолжение интегралното обраќање на министерoт Сугарески:  

Развојот на информатичкото општество и новите комуникациски технологии се тесно поврзани со развојот на инфраструктурата во Република Македонија, како подземната така и надземната.

Водејќи се од визијата од Република Македонија да направиме модерна комуникациска држава, со посебен акцент на комуникациската инфраструктура,  Министерството за транспорт и врски веќе започна со крупни законски измени во регулативата што ја опфаќа оваа материја.

Воведувањето на 5 ЏИмобилната технологија бара предвремено создавање на услови за точно утврдување на инфраструктурната мрежа.

Министерството за транспорт и врски изготвува Нацрт Закон за просторно и урбанистичко планирање, закон кој точно ќе ги утврди постапките за изработка на урбанистичките планови за подрачја и објекти од државно значење. 

Од аспект на инфраструктурата ова е прв чекор во олеснување на постапките и процедурите за воведување на 5 ЏИ технологијата.

Друга работа што е многу важна е фактот што планскиот период на Просторниот план на Република Македонија истекува во 2020 година. Поради тоа, потребно е во овој период, да се изработи нов Просторен план според кој ќе се утврди прецизен концепт за организација, уредување и користење на просторот на Републиката.

Ова е особено важно затоа што ќе овозможи утврдување на посебните подрачја каде ќе се гради потребната инфраструктура.

Во однос на прашањата поврзани со изградба на инфраструктурата, сакам да спомнам дека во фаза се измени на  Законот за градење кој дополнително ќе ги олесни постапките за изградба на базните станици.

Ова конкретно се однесува на забрзување и олеснување на постапките за издавање на Одобренијата за градење.

Ваквите измени во Законот се во согласност со мерките предложени од страна на работната група задолжена за воведување на 5 ЏИ технологијата во Република Македонија.

Согласно нашите законски надлежности, Ве уверувам дека ќе ги создадеме сите потребни услови за воведување и на оваа технологија, која сама по себе е многу важна не само од аспект за брзината и квалитетот на комуницијата, туку генерално за развој на Република Македонија. 

Знаеме дека ова е сложен процес, но убедени сме дека граѓаните на Република Макдонија очекуваат и заслужуваат да бидат во чекор со сите техничко - технолошки достигнувања што ги нуди светот. 

Затоа покрај Министерството за транспорт и Министерството за информатичко општество, потребна е силна заложба и на сите останати релеванти институции во државата, со цел да овозможиме брзо и непречено воведување на новата технологија и да направиме од Македонија земја на просперитет и достигнувања. 




За нас

Раководна структура

Организациона шема

Кодекс за административни службеници

Програма

Останати линкови

Влада на Република Северна Македонија

Собрание

Влада на РСМ - Услуги

Останати линкови

Социјални мрежи

Facebook

Youtube