Министерот Сугарески се обрати на годишното собрание на Здружението на комунлани испектори
22.09.2017
Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески денеска присуствуваше на годишното собрание на Здружението на комунални инспектори каде пред присутните се обрати. Во своето обраќање тој потенцираше дека професијата комунален инспектор не е лесна и дека потребни се високо ниво на посветеност,
независнот, професионалност и непристрасност за да се спроведуваат законските
прописи кои ги опфаќа оваа дејност.
Министерот Сугарески нагласи дека Владата на Република
Македонија е силно посветена на реформирање на законските прописи кои ќе
доведат до подобување на работата на различни дејности и професии. Во таа
насока Владата е отворена за секаква соработка со сите здруженија за подобрување на
законската регулатива и условите за работа за да се озвоможи беспрекорно
функционирање на Правото.
"Партнерскиот однос што го
засноваме со сите здруженија, асоцијации и организации, вклучувајќи го и ова
Здружение е начин да воспоставиме една пракса на меѓусебна соработка од која ќе
произлегуваат решенија кои ќе бидат дел од реформите што ги спроведуваме", рече министерот Сугарески.
На новинарско прашање какви детали опфаќа анексот на договорот за изградба на автопатот Миладиновце -Штип, министерот одговори:
"Јавното претпријатие за државни патишта кое е
носител на договорот со „Синохидро“ зема обврска да не бидат наплатени пенали
од страна на државата до 15 февруари следната година, а исто така до 15
февруари да не се наплаќаат пеналите односно оштетните побарувања коишто ги
бара „Синохидро“. Тоа е поврзан рок и после тоа се враќаме на процедурата,
односно она што ќе значи наплата од страна на државата на своите побарувања и исто
така и на „Синохидро“, изјави денеска министерот за транспорт и врски Сугарески.
Toj најави дека од понеделник ќе
почнат разговори со Синохидро за продолжување на рокот и за изградба на
автопатот Кичево – Охриd.
"Дополнително ќе треба да се
види и фискалната импликација која што би се јавила за изградбата на автопатот",
рече министерот Сугарески, одговарајќи на новинарски прашања.