Авиокомпанијата
Чех ерлајнс ќе ја обнови редовната авионска линија Скопје – Прага од
20 мај годинава со три лета неделно. Летови од Скопје кон Прага ќе има во
понеделник, среда и во петок. На
промоцијата беше присутен министерот за транспорт и врски Владо
Мисајлвоски, генералниот
директор на ТАВ Македонија и прставникот на Чех
ерлајнс , Јан Тот.
Министерот
Мисајловски истакна дека воведувањето на линијата е резултат на барањето од
граѓаните бидејќи
Прага беше една од најпосакуваните дестинации.
Одлуката за нова линија која се надевам дека ќе ги исполни нашите и
очекувањата на граѓаните доаѓа во време кога авиосообраќајот во Македонија
бележи најдобри резултати од кога било благодарение на мерките што континуирано
ги спроведуваме, рече Мисајловски, дополнувајќи дека отворањето на македонскиот
пазар и воведувањето нови линии се приоритет во авиосообраќајот.
Нашата
упорност, посочи Мисајловски, резултираше со нови 20-ина линии до европските
дестинации со многу поволни цени и достапност на билетите.
Генералниот
директор на ТАВ Македонија појасни дека редот на летање е направен да одговара
на македонските деловни и туристички патници кои патуваат во Чешка. Двете целни
групи ќе може да го планираат престојот така што ќе имаат време од два полни
дена со една ноќ или еден продолжен викенд.
Чех
ерлајнс ја опслужуваше линијата Скопје – Прага од 2005 до март 2012 година,
кога операциите беа прекинати поради преструктуирање на компанијата.
Како
што информираа Мисајловски и Крстевски,
минатата година за 22 проценти е
зголемен вкупниот број патници на аеродромите „Александар Велики“ во Скопје и
„Св. Апостол Павле“ во Охрид, односно нивниот број достигна 1.560.381.