Владата на Сојузна Република Германија денеска и
додели грант од девет милиони евра на македонската Влада преку КфВ банката, од
кои четири милиони евра се наменети за проектот Програма за наводнување на
јужната долина на реката Вардар, а пет милиони евра за подобрување на
водоснабдувањето во општините Гевгелија и Кавадарци. За таа намена денеска во
Владата беше потпишана Спогодба за финансиска поддршка меѓу владите на двете
држави и два договора за грант.
Во делот на подобрување на водоснабдувањето во општините Гевгелија и Кавадарци, договорот го потпиша мнистерот за транспорт и врски Горан Сугарески и претставникот на КФВ за Македонија, Рене Ешеман и градоначалниците на Кавадарци и Гевгелија.
Во продолжение интегрален текст од обраќањето на министерот Сугарески:
"Најпрво сакам да се заблагодарам на КФВ Банката за огромната поддршка
што ни ја дава за реализација на многу значајни проекти што се клучни за
подобрување на животот на граѓаните.
Нашата цел како Влада, а воедно и програмска определба е обезбедување на
високо ниво на покриеност на територијата на Република Македонија со водоводна и
канализациона мрежа.
Уште при првата средба со претставниците на КФВ Банката ја покренавме
оваа иницијатива и разговаравме за потребата од дополнителни инвестиции во
неколку општини се со цел да се подобри водоснабдувањето во нив.
Воочувајќи ги недостатоците во водоводната мрежа што се појавуваат во голем дел од општините, се наметна
прашањето за нови инвестиции.
Како резултат на таквите разговори со претставниците од КФВ банката е денешниот
договор со кој банката доделува грант неповратни средства во висина од 5
милиони евра.
Овие финансиски средства ќе бидат наменети исклучиво за подобрување на
водоснабдувањето во општините Гевгелија и Кавадарци.
Сакам да напоменам дека овие две општини и претходно користеа средства
од КФВ банката. Денешниот договор овозможува продолжување на инвестициите за
подобрување на водоснабдувањето во Гевгелија и Кавадарци.
Сметаме дека ова е повеќе од неопходно заради овозможување на подобри
услови за живот на граѓаните.
На овој начин започнуваме со еден
циклус на нови инвестиции во водоводната и канализационата мрежа во секое
населено место каде се јавува таква потреба.
Дополнително сакам да информирам дека на располагање остануваат уште 3
милиони евра обезбедени преку заем од КФВ Банката и 500 илјади евра од Буџетот кои
се наменети за проекти за водоснабдување за општините Радовиш, Кавадарци и Гостивар.
Инвестициите во комуналната инфраструктура претставуваат доказ за нашето
залагање за подобрување на условите за живот во секоја општина на Република
Македонија.
Потпишувањето
на денешниот договор со КФВ банката практично е продолжување на нашата
соработката со Владата на СР Германија која досега, токму преку оваа банка обезбеди
средства во висина од 10, 6 милиони евра
за проекти во општините Битола, Гевгелија, Гостивар, Кавадарци, Кочани,
Неготино, Радовиш и Тетово," истакна министерот Сугарески.