Обезбедени 9,5 милиони евра грант за подобрување на водоснабдувањето во општините
01.09.2017
Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески денеска
оствари работна средба со претставници од КФВ банката.
На средбата се разговараше за зголемување на
соработка меѓу Министерството за транспорт и врски и КФВ банката во рамките на
проектот “ Подобрување на водоснабдувањето во општините во Република Македонија “.
Имено на денешниот состанок, Министерството за
транспорт и врски обезбеди дополнителни 5 милиони евра грант неповратни
средства за подобрување на водоснабдувањето во општините Кавадарци и Гевгелија.
Исто така се обезбедија 3 милиони евра, заем од
КФВ банката за подобрување на водоснабдувањето во Кавадарци и Радовиш како и 4,5 милиони евра грант неповратни
средства од програмата на СЕКО - Швајцарија за подобрување на водоснабдувањето
во општина Гостивар.
Како резултат на соработката меѓу КФВ и Министерството
за транспорт и врски, обезбедени се вкупно 12, 5, од кои 9,5 милиони евра грант
неповратни средства за подобрување на водоснабдувањето во општините, Радовиш,
Кавадарци, Гостивар и Гевгелија.
Во таа насока Министерството за транспорт и врски ќе
продолжи со спроведување на мерки и политики во делот на комуналаната
инфраструктура се со цел подобрување на квалитетот на живеење на граѓаните на
Република Макеоднија.