Одджана македонско – бугарската мешовита Комисија за патен сообраќај
04.05.2018
Во просториите во Министерството за транспорт и врски се одржа
дводневен работен состанок на македонско – бугарската мешовита комисија за
патен сообраќај.
На состанокот се
разговараше за зголемување на економската соработка и за превозот на стока и
патници меѓу Република Македонија и
Република Бугарија.
Од македонска страна беа побарани дополнителни транспортни
дозволи за/од трети земји со цел да се задоволат потребите на домашните
транспортери.
Исто така, на состанокот се отвори и прашањето
за целосна либерализација на транспортот на стоки, кое дополнитело ќе биде разгледано на некоја од
наредните средби.
Во однос на
економските показатели беше констатирано дека во 2017 година, споредено со
изминатите години, забележан е раст на размената на стоки, за што и двете делегации
истакнаа дека таквиот нагорен тренд ќе има позитивен ефект врз транспортните
операции меѓу двете земји.
Исто
така делегациите потврдија дека постои позитивен развој и на превозот на
патници и заклучија дека транспортот меѓу двете земји се одвива непречено.