Одлука за продолжување на рокот за изградба на автопатот Кичево- Охрид
21.03.2018
На последната седница на Владата на Република Македонија, донесене е одлука за склучување на анекс на договорот за продолжување на изградба на автопатот Кичево -Охрид до 30 јуни 2021 година. По тој повод министерот Сугарески на прес конференција го изјави следново:
"Сакам
да информирам дека на вчерашната владина седница донесовме одлука од потребата
за донесување Закон за дополнување на Законот за реализација на инфраструктурните
проекти за изградба на автопатската делница Кичево - Охрид.
Имено,
на барање на Надзорниот Орган, донесовме одлука да се склучи анекс на договорот
за изградба на автопатската делница Кичево- Охрид со продолжување на рокот
односно крајниот рок да биде 30 јуни
2021 година.
Потребата
од продолжување на рокот за доизградба на овој капитален проект се јавува поради
неусогласеност на проектната
документација со реалните услови на теренот како и променливата геологија на
теренот која не одговара со геологијата предвидена во проектот. Поради тоа е
потребно е препроектирање на :
-тунелското решение
-препроектирање на сите усеци
-препроектирање на повеќе вијадукти,
мостови, потпорни зидови, натпатници, потпатници плочести и цевасти пропусти
-комплетна проектна документација за
девет клучки
-
изработка на проекта документација за
позиции кои не биле предвидени во основниот проект а морале да се предвидат заради
неоходно и правилно функционирање на автопатот.
Сето
ова предизвика дополнителни и нови работи а со тоа и зголемен обем на работа
кои суштински влијае врз продолжување на рокот но и значителни финансиски
импликации по однос на конечната вредност на автопатот.
Тука
сакам да нагласам дека овој анекс се однесува само за продолжување на
рокот. Не се однесува за дополнителните
средства бидејќи се уште се прават сеопфатни анализи колку би чинел
дополнително.
Најпрво
е потребно да се изврши допроектирање на сите работи што претходно ги спомнав и
потоа стручен тим во соработка со надзорниот орган ќе даде конкретна
дополнителна цена на чинење на автопатот.
Овој Закон очекуваме најбрзо да влезе во собраниска процедура и во
скратена постапка пратениците да ги излгасаат за да можеме да продолжиме со
изградба на автопатот", изјави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.