Осум нови проекти за изградба на водоводи и канализации во општините
20.10.2017
Mинистерството за транспорт и врски започна со реализација на проектот за
подобрување на водоводната и канализациона мрежа во општините во Република
Македонија.
Во насока на подигнување на квалитетот на
комуналната инфраструктура, министерството за транспорт и врски распиша 8 (
осум) јавни повици за изгрaдба на:
-Водоводна мрежа со реконструкција на дел од постојаната водовoдна мрежа
во н.м Студеничани со проценета вредност од 1 430 000 денари
-Изградба на цевковод во општина Гостивар со проценета вредност од 93 280 000 денари
-Доградба на дел од водоводна мрежа во општина Ресен со проценета
вредност од 18 040 000 денари
-Изградба на дел од водоводна мрежа во општина Виница со проценета
вредност од 10 350 000 денари
-Изградба на водоснабдителен систем во општина Желино со проценета
вредност од 48 880 000 денари
-Изградба на секундарна мрежа за фекална канализација за н.м Короишта,
Ливада и Ложани, општина Струга со проценета вредност од 33 040 000 денари
-Изградба на дел од канализациона
мрежа во н.м. Големо Коњари, општина Прилеп со проценета вредност на инвестицијата
од 15 962 000 денари
-Изградба на дел од фекална канализација со пречистителна станица за
н.м.Ропотово, I фаза со проценета вредност од 25 195 000 денари.
Сакаме да Ве информираме дека средствата за
реализација на сите овие проекти се веќе обезбедени.
Цел на Владата на Република Македонија е во наредниот
период од 18 % покриеност на територија на Република Македoнија со комунална
инфраструктура, да се зголеми на 40 % што е во функција на обезбедување на
рамномерен регионален развој и баланс меѓу урбаните центри и руралните средини