Република Северна Македонија


Министерство за транспорт

  • Насловна
  • Министерство
    • Органограм
    • Раководна структура
      • Министер
      • Заменик министер
      • Државен секретар
    • Сектори
      • Поддршка на Министерот
      • Општи работи
      • Патен сообраќај
      • Железници
      • Европска Унија
      • Сектор за воздухопловство
      • Финансиски прашања
      • Уредување на простор
      • Документирање и управување со градежно земјиште
      • Нормативни и правни работи
      • Управно надзорни работи
      • Станбено-комунални работи и инфраструктура
      • Прекршоци
    • Државни советници
      • Советници
    • Органи во состав на министерството
      • Капетанија на пристаништата
      • Управа за сигурност во железничкиот систем
    • Независни оделенија
      • Внатрешна ревизија
      • Човечки ресурси
      • Стратешко планирање
  • Медиа центар
    • Вести
    • Соопштенија
    • Интервјуа
    • Покана до медиуми
    • Односи со јавност
  • Огласна табла
    • Јавни oбјави
    • Испити
    • Јавни огласи
  • Регулатива
    • Градење
    • Урбанизам
    • Градежно земјиште
    • Патен сообраќај
    • Железнички сообраќај
    • Воздухопловство
    • Внатрешна пловидба
    • Станбена и комунална изградба и домување
    • Поштенски услуги
  • Проекти Светска банка
    • Проект за локални патишта LRCP
    • Проект за олеснување на транспорт и трговија TTFP
  • Јавни набавки
    • Огласи за јавни набавки
    • Склучени договори
  • Финансии
    • Буџет
  • Уредување на просторот
    • Планска/Проектна програма за планови и проекти
    • СОЗЖС
    • Завршени урбанистички проекти
    • Завршени урбанистички планови
    • Јавен увид
    • Стручен испит за урбанистичко планирање
    • Стручна и јавна расправа
  • Контакт
ПОТПИШАН АНЕКС НА ДОГОВОРОТ ЗА ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА РОКОТ ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ МИЛАДИНОВЦИ – ШТИП
03.10.2017

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев, Министерот за транспорт и врски, м-р Горан Сугарески, вршителот на должност директор на Јавното претпријатие за државни патишта г-дин Зоран Китанов и претставникот на Синохидро во Македонија г-дин Фан Јанг денес го потпишаа анексот на договор за изградба на автопатската делница Миладиновци – Свети Николе –Штип.

Потпишувањето на овој анекс договор следува по донесениот Закон за изменување и дополнување на Законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на автопатите Миладиновци-Штип и на Кичево-Охрид, со кој што рокот за завршување на автопатот Миладиновци-Штип наместо до први мај 2017 се продолжува до 30 септември 2018 година.

„Автопатот Миладиновце-Штип согласно претходниот договор требаше да биде завршен до 1 мај 2017 година, но за жал не беше завршен во предвидениот рок. Наша цел е да се заврши оваа делница во легална процедура, Собранието ги донесе неопходните законски измени и дополни, а денес го потпишавме и анекс договорот со кој се продолжува изградбата на делницата Миладиновци-Свети Николе-Штип до 30 септември 2018 година, односно рокот за завршување на работите се пролонгира за 517 дена. Со овој чекор Владата ја покажува својата посветеност за завршување на овој инфраструктурен проект, кој ќе биде од корист за граѓаните и економијата на Република Македонија“, истакнаа вицепремиерот Анѓушев и министерот Сугарески на чинот на потпишување.

Потпишувањето на анекс договорот помеѓу Владата и Синохидро е во согласност со законските измени и дополни донесени од Собранието на Република Македонија.




За нас

Раководна структура

Организациона шема

Кодекс за административни службеници

Програма

Останати линкови

Влада на Република Северна Македонија

Собрание

Влада на РСМ - Услуги

Останати линкови

Социјални мрежи

Facebook

Youtube