Потпишан договор за изградба на првата фаза од експресниот пат Градско – Прилеп
29.01.2016
Започна изградбата на експресниот пат Градско – Прилеп. Потпишан е договор со Шпанската компанија Констракшн Рубау која ќе ја гради првата фаза од патот и тоа од Фаришка до Дреновска клисура во должина од 10 километри. Договорот е вреден 31, 8 милиони евра. Според проектот, патот ќе биде во широчина од 12, 4 метри, со по две ленти од по двете страни со широчина од 3, 5 метри и 2, 5 метри.
Изградбата на овој пат од Градско до Прилеп ќе се изведува во три фази. Втората фаза ќе се гради од Градско преку Росоман до клучката Кавадарци во должина од 16 километри. Третата фаза се планира да започне од месноста Тројанци па се до влезот на Прилеп во должина од 7, 5километри.