Распределба на 25 социјални станови во Демир Хисар
11.02.2016
Министерот за транспорт и врски заедно со директорот на АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор Цветко Грозданов извршија јавна распределба на 25 социјлани станови во Демир Хисар.
На прелиминарна распределба, министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски истакна истакна дека преку системот на електронска распределба сите имаат еднакви шанси за добивање на социјален стан.
-Многу е важно што оваа јавна распределба е прелиминарна и не е конечна, поточно сите лица кои системот ќе ги покаже како добитници на социјален стан не значи дека ќе бидат и нивни конечни добитници. Во наредниот период Комисијата составена од вработени во Министерството за транспорт и врски и од Министерството за труд и социјална политика ќе извршат детални контроли на лицата кои се наоѓаат на прелиминарната листа. Секаде каде што ќе се увиди дека фактичката состојба не се совпаѓа со приложените документи ќе бидат иземени од листата и становите ќе бидат доделени на лица со ист или помал број на бодови кои ги исполнуваат пропишаните услови во огласот, потенцираше Мисајловски.
Директорот на АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор Цветко Грозданов потенцира дека зградата со 25 станови во Демир Хисар е изградена според ИСО стандарди и со енергетска ефикасност.