Република Северна Македонија


Министерство за транспорт

  • Насловна
  • Министерство
    • Органограм
    • Раководна структура
      • Министер
      • Заменик министер
      • Државен секретар
    • Сектори
      • Поддршка на Министерот
      • Општи работи
      • Патен сообраќај
      • Железници
      • Европска Унија
      • Сектор за воздухопловство
      • Финансиски прашања
      • Уредување на простор
      • Документирање и управување со градежно земјиште
      • Нормативни и правни работи
      • Управно надзорни работи
      • Станбено-комунални работи и инфраструктура
      • Прекршоци
    • Државни советници
      • Советници
    • Органи во состав на министерството
      • Капетанија на пристаништата
      • Управа за сигурност во железничкиот систем
    • Независни оделенија
      • Внатрешна ревизија
      • Човечки ресурси
      • Стратешко планирање
  • Медиа центар
    • Вести
    • Соопштенија
    • Интервјуа
    • Покана до медиуми
    • Односи со јавност
  • Огласна табла
    • Јавни oбјави
    • Испити
    • Јавни огласи
  • Регулатива
    • Градење
    • Урбанизам
    • Градежно земјиште
    • Патен сообраќај
    • Железнички сообраќај
    • Воздухопловство
    • Внатрешна пловидба
    • Станбена и комунална изградба и домување
    • Поштенски услуги
  • Проекти Светска банка
    • Проект за локални патишта LRCP
    • Проект за олеснување на транспорт и трговија TTFP
  • Јавни набавки
    • Огласи за јавни набавки
    • Склучени договори
  • Финансии
    • Буџет
  • Уредување на просторот
    • Планска/Проектна програма за планови и проекти
    • СОЗЖС
    • Завршени урбанистички проекти
    • Завршени урбанистички планови
    • Јавен увид
    • Стручен испит за урбанистичко планирање
    • Стручна и јавна расправа
  • Контакт
Се разгледува можноста за воспоставување директен лет Скопје-Тел Авив
01.11.2017

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески денеска оствари работна средба со претставници од авио компанијата  Аркиа од Израел.

На средбата се разговараше за воспоставување на нова линија на релација Скопје -Тел Авив.

Министерот Сугарески ги презентираше можностите и условите што ги нуди Република Македонија за авиокомпании заинтересирани за операции од домашните аеродроми. На средбата, министерот потенцираше дека развојот на авиосообраќајот во Република Македонија е приоритет на Владата и во таа насока политиките што ги презема Министерството за транспорт и врски се движат кон обезбедување на широка мрежа на дестинации во Европа и светот.

“Најпрво би сакал да им се заблагодарам на претставниците од авиокомпанијата Аркиа од Израел. Имавме плодна средба на која ги образложивме нашите услови за работа во оваа дејност во Република Македонија. Тие ги презентираа плановите за ширење на нивната мрежа и во Република Македонија со воспоставување на нова линија. Доколку во наредниот период постигнеме договор, овие планови ќе ги реализираме. Да се надеваме дека тие позитивно ќе одлучат и ќе се воспостави директен лет од Скопје до Тел Авив, изјави министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.” 

Министерот потенцираше дека Владата има обврска да се залага за развој на авиосообраќајот и во таа насока ќе се понуди поддршка на секоја авиокомпанија што сака да оперира во Република Македонија.

На средбата се отвори и прашањето за придобивките што ќе ги имаат двете земји во однос на зголемување на туризмот, економските односи и културните врски доколку се реализира оваа авио линија.

Во такви услови, Владата на Република Македонија воспоставува политики за развој на ависообраќајот и обезбедување на подобри услови за граѓаните и сите други чинители во воздухопловната дејност во Република  Македонија, истакна на средбата министерот Сугарески. 




За нас

Раководна структура

Организациона шема

Кодекс за административни службеници

Програма

Останати линкови

Влада на Република Северна Македонија

Собрание

Влада на РСМ - Услуги

Останати линкови

Социјални мрежи

Facebook

Youtube