Република Северна Македонија


Министерство за транспорт

  • Насловна
  • Министерство
    • Органограм
    • Раководна структура
      • Министер
      • Заменик министер
      • Државен секретар
    • Сектори
      • Поддршка на Министерот
      • Општи работи
      • Патен сообраќај
      • Железници
      • Европска Унија
      • Сектор за воздухопловство
      • Финансиски прашања
      • Уредување на простор
      • Документирање и управување со градежно земјиште
      • Нормативни и правни работи
      • Управно надзорни работи
      • Станбено-комунални работи и инфраструктура
      • Прекршоци
    • Државни советници
      • Советници
    • Органи во состав на министерството
      • Капетанија на пристаништата
      • Управа за сигурност во железничкиот систем
    • Независни оделенија
      • Внатрешна ревизија
      • Човечки ресурси
      • Стратешко планирање
  • Медиа центар
    • Вести
    • Соопштенија
    • Интервјуа
    • Покана до медиуми
    • Односи со јавност
    • Фото галерија
  • Огласна табла
    • Јавни oбјави
    • Испити
    • Јавни огласи
  • Регулатива
    • Градење
    • Урбанизам
    • Градежно земјиште
    • Патен сообраќај
    • Железнички сообраќај
    • Воздухопловство
    • Внатрешна пловидба
    • Станбена и комунална изградба и домување
    • Поштенски услуги
  • Проекти Светска банка
    • Проект за локални патишта LRCP
    • Проект за олеснување на транспорт и трговија TTFP
  • Финансии
    • Буџет
  • Јавни набавки
    • Огласи за јавни набавки
    • Склучени договори
  • Уредување на просторот
    • Планска/Проектна програма за планови и проекти
    • СОЗЖС
    • Завршени урбанистички проекти
    • Завршени урбанистички планови
    • Јавен увид
    • Стручен испит за урбанистичко планирање
    • Стручна и јавна расправа
  • Контакт
СОСТАНОК НА КООРДИНАТИВНО ТЕЛО ЗА СПРАВУВАЊЕ СО КРИЗИ
03.01.2017

Денеска во Министерството за транспорт и врски се одржа состанок на координативното тело за кризи кое дискутираше за превземање на превентивни мерки за најавените драстични промени на временските услови во Република Македонија.

Во наредниот период од 6 до 7 дена не` очекува драстична промена на времето поради наидување на поларен бран од Сибир. Овој бран ќе започне денес попладне, ќе ги зафати северо-западните делови и западните делови на Македонија. Ќе почне со дожд, а ќе следи и снег на повисоките места, не е исклучена и опасната појава на леден дожд.

Ова го покажуваат прогнозите на Европскиот центар за краткорочна прогноза и Синоптичкиот центар на Управата за хидрометоролошки работи на РМ.


-Предупредувањето оди во правец на тоа да граѓаните бидат подготвени за еден период на да не кажеме поларни студови, но драстична промена на температрурата. Веќе во четврток, паѓањето на снег ќе достигне одредени количини кои ќе можат буквално да направат сериозна промена во временските прилики и исто така ќе биде зафатена целата територија на Македонија. На повисоките места тој снег ќе биде и до 50 сантиметри, а на пониските до 25 сантиметри. Ќе дува студен ветер и температурите нагло ќе паднат под нулата. Петок, сабота, недела не очекуваат  дури и дневни температури од -10, а ноќните ќе одат и до -22 степени, истакна Оливер Ромевски, директорот на УХМР, по денешната Седница на Координативното тело за справување со кризи.

Од таму, предупредуваат граѓаните сериозно да пристапат кон своите патувања за божиќните празници, бидејќи снегот во комбинација со студените температури може да донесе сериозни  непријатности и последици при патувањата.

Службите на ЈП „Македонија пат“ се распоредени на 37 пунктови на цела територија и деноноќно  дежураат, со втор степен за зимско одржување.

Екипите, опремени со специјална опрема и абразивни материјали, се на сите пунктови, но оти тоа не значи дека во вонредни услови како што предвидуваат метеорзлозите сообраќајот би се одржувал како по суви коловози.


– Апелираме сите учесници во сообраќајот да бидат опремени со зимска дополнителна опрема, а особено тешките товарни возила без зимска опрема и неподготвени да не тргнуваат  на пат бидејќи тие се голема пречка при вакви временски неповолности. Сите учесници во сообраќајот да внимаваат и да ги почитуваат собраќајни знаци и правила.




За нас

Раководна структура

Организациона шема

Кодекс за административни службеници

Програма

Останати линкови

Влада на Република Северна Македонија

Собрание

Влада на РСМ - Услуги

Останати линкови

Социјални мрежи

Facebook

Youtube