Средба на министерот Сугарески со директорот на М-НАВ
11.09.2017
Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески денеска оставри работна средба со претседателот на управниот одбор на М-НАВ, Николче
Тасески.
На средбата се разговараше за состојбите во авиосообраќајот во Република Македонија и
улогата Македонската навигација за
развој на оваа дејност.
Министерот
Сугарески потенцираше дека развојот на авиосообраќајот во Република Македонија
е еден од приоритетите на Владата на Република Македонија и токму во таа насока
ќе се одвива соработката меѓу Министерството за транспорт и врски и М-НАВ.
“Политиките
што ги спроведуваме како ресорно министерство се движат во насока на развој на
авиосообраќајот преку искористување на широкиот потенцијал што го има оваа
дејност во Република Македонија. Директорот на М-НАВ ме информираше за
состојбите и за проектите што се реализираат со опремување со нова технологија
на Македонската навигација и очекуваме дека со нивната имплементација ќе
доведеме до значително подобрување на ависообраќајот во земјава, рече министерот
Сугарески.
Тие на средбата разговараа и за зголемување на
потенцијалите на аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид преку негово опремување
со нова технологија од аспект на конторла и следење на сообраќајот.
На средбата и двајцата се согласија дека е
потребна поголема комуникацијата меѓу двете институции за да се реализираат
целите на Владата на Република Макеоднија а тоа е нудење на квалитетни услуги и
раст и развој на авиосообраќајот.