Mинистерот за транспорт и врски Горан Сугарески оствари работна средба со амбасадорот
на Руската Федерција во Република
Македонија, Олек Шчербак.
На средбата министерот
Сугарески го информираше рускиот амбасадор за инфраструктурните проекти што се реализираат
во Република Македонија.
Министерот ги потенцираше проектите за изградба
и реконструкција на патната мрежа во Република Македонија.
Исто така, Амбасадорот се запозна и со проектите што ќе се реализираат во следниот
период во делот на доизградба на железницата на Коридор 8 и тоа проектот за
изградба на пругата кон Албанија, како и доизградба на пругата кон Бугарија.
„Средбата што ја имав со рускиот амбасадор беше
од исклучително значење бидејќи го информирав за проектите што ќе се
реализираат во Република Македонија во следниот период. Ова е добра можност
подетално да се информираат сите заинтересирани руски компании за учество во
реализација на планираните проекти”, изјави
министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.
Министерот Сугарески изрази благодарност за
досегашната соработкасо Руската Федерација и ја нагласи потребата од продлабочување на
добрите односи и зајакнување на меѓусебната соработка меѓу двете земји.