Република Северна Македонија


Министерство за транспорт

  • Насловна
  • Министерство
    • Органограм
    • Раководна структура
      • Министер
      • Заменик министер
      • Државен секретар
    • Сектори
      • Поддршка на Министерот
      • Општи работи
      • Патен сообраќај
      • Железници
      • Европска Унија
      • Сектор за воздухопловство
      • Финансиски прашања
      • Уредување на простор
      • Документирање и управување со градежно земјиште
      • Нормативни и правни работи
      • Управно надзорни работи
      • Станбено-комунални работи и инфраструктура
      • Прекршоци
    • Државни советници
      • Советници
    • Органи во состав на министерството
      • Капетанија на пристаништата
      • Управа за сигурност во железничкиот систем
    • Независни оделенија
      • Внатрешна ревизија
      • Човечки ресурси
      • Стратешко планирање
  • Медиа центар
    • Вести
    • Соопштенија
    • Интервјуа
    • Покана до медиуми
    • Односи со јавност
  • Огласна табла
    • Јавни oбјави
    • Испити
    • Јавни огласи
  • Регулатива
    • Градење
    • Урбанизам
    • Градежно земјиште
    • Патен сообраќај
    • Железнички сообраќај
    • Воздухопловство
    • Внатрешна пловидба
    • Станбена и комунална изградба и домување
    • Поштенски услуги
  • Проекти Светска банка
    • Проект за локални патишта LRCP
    • Проект за олеснување на транспорт и трговија TTFP
  • Јавни набавки
    • Огласи за јавни набавки
    • Склучени договори
  • Финансии
    • Буџет
  • Уредување на просторот
    • Планска/Проектна програма за планови и проекти
    • СОЗЖС
    • Завршени урбанистички проекти
    • Завршени урбанистички планови
    • Јавен увид
    • Стручен испит за урбанистичко планирање
    • Стручна и јавна расправа
  • Контакт
Сугарески: Ќе распишеме оглас за распределба на 79 социјални станови
12.02.2018

Министерството за транспорт и врски следниот месец ќе распише оглас за распределба на 79 социјални станови низ повеќе градови во државата, од кои 59 се за лица од социјален ризик и 20 за лица со ниски примања, изјави министерот Сугарески на новинарско прашање.

- Најважно ни е постапката која ќе се води да биде максимално транспарентна. Тврдам дека нема да дозволиме да се случуваат никакви манипулации со цел на најранливите категории граѓани Министерството за транспорт и врски и Владата да им помогнат да го решат станбеното прашање, изјави денеска министерот за транспрот и врски Горан Сугареси.

Од 59-те станови наменети за лица од социјален ризик, 39 се во Кочани, а 10 во Македонски Брод, и за нив првпат се врши распределба, а по тој основ ќе се делат и три во Прилеп, по два во Штип, Берово и Крива Паланка и еден во Кичево кои се слободни по разни основи.

Становите за лица од социјален ризик ќе ги опфаќаат категориите деца без родители или родителска грижа, корисници на социјална или постојана парична помош, лица погодени од елементарни природни непогоди, инвалидни лица и лица на кои им е потребна помош и грижа од друго лице, припадници на ромската заедница кои се социјално загрозени, самохрани родители со малолетни деца, како и слепи лица корисници на социјална или постојана парична помош.

Согласно анализата на ресорното Министерство и ЈП за стопанисување со станбен и деловен простор,  за лица со ниски примања  има седум слободни станови во Велес, по три во Кратово и Кочани, два во Прилеп и по еден стан во Крива Паланка, Дебар, Тетово, Гостивар и Штип.

За распределба на становите ќе се формира посебна Комисија која ќе ги разгледува сите пријави.





За нас

Раководна структура

Организациона шема

Кодекс за административни службеници

Програма

Останати линкови

Влада на Република Северна Македонија

Собрание

Влада на РСМ - Услуги

Останати линкови

Социјални мрежи

Facebook

Youtube