Република Северна Македонија


Министерство за транспорт

  • Насловна
  • Министерство
    • Органограм
    • Раководна структура
      • Министер
      • Заменик министер
      • Државен секретар
    • Сектори
      • Поддршка на Министерот
      • Општи работи
      • Патен сообраќај
      • Железници
      • Европска Унија
      • Сектор за воздухопловство
      • Финансиски прашања
      • Уредување на простор
      • Документирање и управување со градежно земјиште
      • Нормативни и правни работи
      • Управно надзорни работи
      • Станбено-комунални работи и инфраструктура
      • Прекршоци
    • Државни советници
      • Советници
    • Органи во состав на министерството
      • Капетанија на пристаништата
      • Управа за сигурност во железничкиот систем
    • Независни оделенија
      • Внатрешна ревизија
      • Човечки ресурси
      • Стратешко планирање
  • Медиа центар
    • Вести
    • Соопштенија
    • Интервјуа
    • Покана до медиуми
    • Односи со јавност
  • Огласна табла
    • Јавни oбјави
    • Испити
    • Јавни огласи
  • Регулатива
    • Градење
    • Урбанизам
    • Градежно земјиште
    • Патен сообраќај
    • Железнички сообраќај
    • Воздухопловство
    • Внатрешна пловидба
    • Станбена и комунална изградба и домување
    • Поштенски услуги
  • Проекти Светска банка
    • Проект за локални патишта LRCP
    • Проект за олеснување на транспорт и трговија TTFP
  • Јавни набавки
    • Огласи за јавни набавки
    • Склучени договори
  • Финансии
    • Буџет
  • Уредување на просторот
    • Планска/Проектна програма за планови и проекти
    • СОЗЖС
    • Завршени урбанистички проекти
    • Завршени урбанистички планови
    • Јавен увид
    • Стручен испит за урбанистичко планирање
    • Стручна и јавна расправа
  • Контакт
Сугарески: Ќе стимулираме изградба на енергетско-ефикасни објекти
11.12.2017

„Инвестциите во енергетско ефикасни објекти во иднина треба да ги третираме како навика и потреба, а не како законска обврска. Заштедата на енергија во голема мера е исклучително важна за развој на нашето општество од аспект на поквалитето живеење како на пример штедење на енергија, намалување на загадувањето и што е најважно намалување на трошоците за живот.

Нашата задача како Извршна власт е да обезбедиме соодветни услови за подобрување на овој сегмент на пазарот бидејќи енергетската ефикасност е неодминлив процес чии придобивки се мерливи преку заштедите на енергија“ - се обрати министерот за транспорт и врски Горан Сугарески на Тркалезната маса „Развој на пазарот во секторот домување: Фокус на енергетската ефикасност“, организирана од Хабитат Македонија. 

Министерот Сугарески потенцираше дека сегашната законска регулатива делумно ја контролира енергетската ефикасност кај објектите,  поради тоа, истакна тој, се јавува потреба од создавање на нова легислатива која ќе биде чекор понапред во следење на современите текови во градежништвото.

Во продолжение интегралното обраќање на министерот Сугарески:

„Инвестциите во енергетско ефикасни објекти во иднина треба да ги третираме како навика и потреба, а не како законска обврска. Заштедата на енергија во голема мера е исклучително важна за развој на нашето општество од аспект на поквалитетно живеење, како на пример штедење на енергија, намалување на загадувањето и што е најважно намалување на трошоците за живот.

Нашата задача како Извршна власт е да обезбедиме соодветни услови за подобрување на овој сегмент на пазарот бидејќи енергетската ефикасност е неодминлив процес чии придобивки се мерливи преку заштедите на енергија.

Ова се разбира ќе го реализираме во соработка со сите вас чинители во оваа дејност и затоа сметам дека оваа средба денеска е почеток на иницијативата за создавање на нови законски обврски и услови за стимулирање на изградба на енергетско ефикасни станбени згради.

Со оглед дека сегашната законска регулатива делумно ја контролира енергетската ефикасност кај објектите,  се јавува потреба од создавање на нова легислатива која ќе биде чекор понапред во следење на современите текови во градежништвото.

Верувам дека ќе се сложите со мене кога зборувам од потребата на контрола, бидејќи само на тој начин вистински ќе можеме да зборуваме за ефикасност во искористување на енергијата.

Праксата покажува дека иако постоечкиот закон пропишува новите објекти да поседуваат потврда за енергетски ефикасен објект, голем дел нив во процесот на изградба не соодејствуваат со пропишаните стандарди за енергетска ефикасност. Затоа сметам дека новите законски решенија ќе бидат во насока на подобра контрола од процесот на проектирање па се до изградба на објектот.  Крајната цел  е граѓаните да добијат кавлитетни енергетско - ефикасни објекти кои ќе штедат енергија. Во овој контекс сакам да потенцирам дека програмска определба на Владата е стимулирање во делот на енергетски ефикасни објекти.

Исто така  планирано е формирање на Фонд за Енергетска ефикасност. Средствата за овој фонд ќе се обезбедуваат од енергетските компании во Македонија, како и од фондови и грантови од Европската Унија а ќе се користат исклучиво за финансирање на енергетски ефикасни проекти.

Планирани се и Локални Центри за енергетска ефикасност каде  по барање на граѓаните или малите и средни претпријатија ќе се изготвуваат или ќе се ревидираат веќе изготвените проекти за енергетска ефикасност. Овие проекти ќе бидат основа за аплицирање пред банките за одобрување на кредити за нивна реализација.

Како наша определба да станеме земја членка на Европското семејство, конечно тоа што мораме да го сториме а оваа Влада е силно фокусирана, е усогласување на нашата легислатива со таа на европското законодавство и во делот на енергетската легислатива.

Затоа почитувани, многу е важно сите заеднички да се вклучиме во креирање на новите политики. Енергетска ефикасност подразбира намалување на потребите за енергија без нарушување на комфорот на живеење, без попречување на економскиот и општествениот развој, но и без нарушување на животната средина. Затоа сите ние имаме обврска таквите услови да ги унапредиме, да ги обликуваме во потреба за да може поефикасно да ја користиме енергијата.“ - изјави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески. 





За нас

Раководна структура

Организациона шема

Кодекс за административни службеници

Програма

Останати линкови

Влада на Република Северна Македонија

Собрание

Влада на РСМ - Услуги

Останати линкови

Социјални мрежи

Facebook

Youtube