Владата на денешната седница го усвои Предлогот на Министерството за транспорт и врски за измени и дополнувања на Законот за постапување со бесправно изградени објекти, со што се дава нова можност за легализација на дивоградбите.
Прито се овозможуваат нови рокови за легализација со кои на засегнатите граѓани ќе им овозможи дополнително време и тоа:
- Прво, нови 12 месеци, сметано од 01 јануари до 31 декември 2018 година за сите граѓани кои претходно не успеале да поднесат Барање за легализација, сега тоа свое право да можат да го остварат во овој дополнителен рок и
Второ, нови 6 месеци, сметано од 01 јануари до 30 јуни 2018 година за сите граѓани кои за претходните Барања не ја обезбедиле неопходната документација, да стекнат право во овој дополнителен рок да поднесат нови Барања за легализација со комплетна документација.Во продолжение интегрален текст од прес конференцијата на министерот Сугарески:“Дозволете
во името на Владата на Република Македонија да најавам уште една нова мерка во
интерес на граѓаните. На денешната седница Владата го усвои предлогот на
Министерството за транспорт и врски за измени и дополнувања на Законот за
постапување со бесправно изградените објекти. Имено, Министерството за
транспорт врски по извршената теренска анализа и непосреден контакт со
засегнатите странки утврди дека во Република Македонија до сега, процентот на
легализирани дивоградби е на ниво од скромни 50 %. Од податоците со кои
располага Министерството за транспорт и врски и Единиците на локалната
самоуправа, констатиравме дека во најголем број случаи заради обемната и
сложена административна постапка, граѓаните не успеале во предвидениот рок да
го остварат своето право. Тргнувајќи од принципот
дека легализацијата на дивоградбите мора да биде праведна и достапна за сите
категории на граѓани на кои овој проект им е неопходен за да конечно си го
остварат уставно загарантираното право на сопственост, притоа државата да води
сметка од ниту еден аспект да не го загрози социјалниот аспект на живеење,
Владата денес одлучи да воведе нови рокови со кои на засегнатите граѓани ќе им
овозможи дополнително време и тоа: -
Прво,
нови 12 месеци, сметано од 01 јануари до 31 декември 2018 година за сите граѓани кои претходно не успеале да
поднесат Барање за легализација, сега тоа свое право да можат да го остварат во
овој дополнителен рок и -
Второ,
нови 6 месеци, сметано од 01 јануари до 30 јуни 2018 година за сите граѓани кои за претходните Барања не ја
обезбедиле неопходната документација, да стекнат право во овој дополнителен рок
да поднесат нови Барања за легализација со комплетна документација. Значи, во интерес на
граѓаните и јавноста сакам да бидам прецизен, со измените и дополнувањата на Законот
за постапување со бесправно изградените објекти кои Владата на Република
Македонија на предлог на Министерството за транспорт и врски ги усвои на
денешната седница: ПРВО, СЕ УТВРДИ НОВ РОК
ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊЕ ЗА ЛЕГАЛИЗАЦИЈА НА БЕСПРАВНО ИЗГРАДЕНИ ОБЈЕКТИ КОЈ
ЗАПОЧНУВА ОД 1 ЈАНУАРИ 2018 ГОДИНА И ЌЕ ТРАЕ ДО 31 ДЕКЕМВРИ 2018 ГОДИНА. Сите оние кои до сега поради било какви причини не поднеле Барање за
легализација, после усвојувањето на овие измени од Собранието на Република
Македонија ќе имаат можност од 1 јануари до 31 декември 2018 година до
Општините каде е изграден објектот да поднесат Барање за легализација на диво изградениот
објект. Услов за легализација на објектот е истиот да бил изграден заклучно со
3 март 2011 година. И понатаму остануваат истите неопходни документи кои треба
да одат во прилог кон барањето и тоа: -
Копија
од лична карта или уверение за државјанство -
Доказ
за приклучок на комунална инфраструктура или сметка за јавни услуги – вода или
струја или доколку бесправниот објект нема инфраструктурни приклучоци, изјава
заверена на нотар со која барателот ќе потврди дека бесправниот објект е
изграден пред влегувањето во сила на овој закон и -
Геодетски
елаборат за утврдување на фактичката состојба на објектот ВТОРО,
СЕ УТВРДИ НОВ РОК ОД ШЕСТ МЕСЕЦИ СМЕТАНО ОД 1 ЈАНУАРИ ДО 30 ЈУНИ 2018 ГОДИНА ЗА
ПОДНЕСУВАЊЕ НА НОВО БАРАЊЕ ЗА ЛЕГАЛИЗАЦИЈА НА БЕСПРАВНО ИЗГРАДЕНИ ОБЈЕКТИ ЗА
СИТЕ ОНИЕ НА КОИ ПРЕТХОДНИТЕ БАРАЊА ИМ СЕ НЕВАЛИДНИ ЗАРАДИ НЕКОМПЛЕТНА
ДОКУМЕНТАЦИЈА. На сите оние кои претходно поднеле Барање за легализација на дивоградбите
без да ја обезбедат неопходната документација, без разлика дали се работи за геодетски
елаборат, сметка или изјава од нотар, после усвојувањето на овие измени од
Собранието на Република Македонија, во овој дополнителен рок од 6 месеци ќе
стекнат право да можат повторно да поднесат Барање за легализација со комплетна
документација. Дополнително, за да нема никакви компликации, за сите претходни
предмети кои имаат некомплетна документација, Единиците на локалната самоуправа
преземаат обврска во најкус можен рок да ги известат сите засегнати странки
дека нивните претходни Барања се невалидни, за да истите можат да го искористат
новиот рок од 6 месеци, да поднесат ново Барање со целосна документација. И во овој случај важат истите документи кои претходно ги спомнав,
копија од лична карта, сметка од струја или вода или изјава на нотар дека
објектот е изграден пред донесување на овој закон и геодетски елаборат. Сакам да нагласам дека
сите тие што нема да започнат постапка за легализирање и во овие нови рокови,
ќе се постапи според одредбите од Законот за бесправно изградени објекти. Сметаме дека со тоа што
предвидовме овие рокови да започнуваат да течат од 1 јануари 2018 година, оставаме
доволно време на сите општини во Република Македонија, како и ние во Министерството
за транспорт и врски заедно да ги извршиме сите неопходни подготовки и да ги
ставиме во функција сите расположливи капацитети за да можеме сите нови Барања
за легализација на дивоградби да ги завршиме во предвидените рокови. Ја користам приликата да
ги повикам сите пратенички групи во Собранието на Република Македонија да ги
прифатат овие законски измени кои се исклучиво во интерес на граѓаните”, истанка министерот Сугарески