Република Северна Македонија


Министерство за транспорт

  • Насловна
  • Министерство
    • Органограм
    • Раководна структура
      • Министер
      • Заменик министер
      • Државен секретар
    • Сектори
      • Поддршка на Министерот
      • Општи работи
      • Патен сообраќај
      • Железници
      • Европска Унија
      • Сектор за воздухопловство
      • Финансиски прашања
      • Уредување на простор
      • Документирање и управување со градежно земјиште
      • Нормативни и правни работи
      • Управно надзорни работи
      • Станбено-комунални работи и инфраструктура
      • Прекршоци
    • Државни советници
      • Советници
    • Органи во состав на министерството
      • Капетанија на пристаништата
      • Управа за сигурност во железничкиот систем
    • Независни оделенија
      • Внатрешна ревизија
      • Човечки ресурси
      • Стратешко планирање
  • Медиа центар
    • Вести
    • Соопштенија
    • Интервјуа
    • Покана до медиуми
    • Односи со јавност
  • Огласна табла
    • Јавни oбјави
    • Испити
    • Јавни огласи
  • Регулатива
    • Градење
    • Урбанизам
    • Градежно земјиште
    • Патен сообраќај
    • Железнички сообраќај
    • Воздухопловство
    • Внатрешна пловидба
    • Станбена и комунална изградба и домување
    • Поштенски услуги
  • Проекти Светска банка
    • Проект за локални патишта LRCP
    • Проект за олеснување на транспорт и трговија TTFP
  • Јавни набавки
    • Огласи за јавни набавки
    • Склучени договори
  • Финансии
    • Буџет
  • Уредување на просторот
    • Планска/Проектна програма за планови и проекти
    • СОЗЖС
    • Завршени урбанистички проекти
    • Завршени урбанистички планови
    • Јавен увид
    • Стручен испит за урбанистичко планирање
    • Стручна и јавна расправа
  • Контакт
Во Источниот регион ќе инвестираме преку 300 милиони евра во изградба и реконструкција на патната инфраструктура
05.04.2018

Mинистерот за транспорт и врски, Горан Сугарески и директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов, денеска извршија увид во градежните работи на експресниот пат Штип – Кочани.

Во продолжение интегрален текст од изјавата на министерот Сугарески:

„Заедно со директорот на ЈП за државни патишта денеска извршивме увид во градежните работи на експресниот пат Штип – Кочани. Должината на овој нов патен правец изнесува 28 километри и предвидена е изградба во две фази.

Во тек е изградба на првата фаза од Штип до Крупиште во должина од 14,3 километри, инвестиција со вредност од преку 20 милиони евра.

При изградбата на оваа фаза наидовме на состојба која создаде потешкотии при  реализацијата на проектот, меѓутоа полека успеваме да ги надминеме и во моментов вкупниот прогрес на градежните работи изнесува 20%.

Што се однесува на втората фаза од Крупиште до Кочани сакам да ве информирам дека во тек е одобрување на тендерската документација.

Владата на Република Македонија е силно посветена на подобрување на патната инфраструктура во земјата.

Источниот регион е токму оној во кој се предвидени најголеми инвестиции во изградба и реконструкција на патната мрежа.  Тука ќе реализираме инвестиции од околу 300 милиони евра во изградба на автопати, два експресни патишта и реконструкција на регионалните патишта.

Ќе ги споменам:

Изградбата на автопатот Миладиновци – Штип, вкупниот прогрес на градежните работи изнесува 77% и согласно анекс договорот што го потпишавме, очекуваме да биде завршен до септември оваа година.

Потоа, експресниот пат од Штип до Радовиш за кој очекуваме изградбата да започне овој месец а делницата да биде завршена до  крајот на 2020.

Изградбата на експресниот пат Штип – Кочани, на кој што се наоѓаме денеска;

Реконструкција на регионалниот пат  од Кочани до Виница;

Реконструкција на регионален пат Штип – Радовиш.

Генерално, како Влада остануваме силно фокусирани на изградбата на патната мрежа во државата. Она што го ветивме пред граѓаните, во следниот период ќе го реализираме“ – изјави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески. 



За нас

Раководна структура

Организациона шема

Кодекс за административни службеници

Програма

Останати линкови

Влада на Република Северна Македонија

Собрание

Влада на РСМ - Услуги

Останати линкови

Социјални мрежи

Facebook

Youtube