Република Северна Македонија


Министерство за транспорт

  • Насловна
  • Министерство
    • Органограм
    • Раководна структура
      • Министер
      • Заменик министер
      • Државен секретар
    • Сектори
      • Поддршка на Министерот
      • Општи работи
      • Патен сообраќај
      • Железници
      • Европска Унија
      • Сектор за воздухопловство
      • Финансиски прашања
      • Уредување на простор
      • Документирање и управување со градежно земјиште
      • Нормативни и правни работи
      • Управно надзорни работи
      • Станбено-комунални работи и инфраструктура
      • Прекршоци
    • Државни советници
      • Советници
    • Органи во состав на министерството
      • Капетанија на пристаништата
      • Управа за сигурност во железничкиот систем
    • Независни оделенија
      • Внатрешна ревизија
      • Човечки ресурси
      • Стратешко планирање
  • Медиа центар
    • Вести
    • Соопштенија
    • Интервјуа
    • Покана до медиуми
    • Односи со јавност
    • Фото галерија
  • Огласна табла
    • Јавни oбјави
    • Испити
    • Јавни огласи
  • Регулатива
    • Градење
    • Урбанизам
    • Градежно земјиште
    • Патен сообраќај
    • Железнички сообраќај
    • Воздухопловство
    • Внатрешна пловидба
    • Станбена и комунална изградба и домување
    • Поштенски услуги
  • Проекти Светска банка
    • Проект за локални патишта LRCP
    • Проект за олеснување на транспорт и трговија TTFP
  • Финансии
    • Буџет
  • Јавни набавки
    • Огласи за јавни набавки
    • Склучени договори
  • Уредување на просторот
    • Планска/Проектна програма за планови и проекти
    • СОЗЖС
    • Завршени урбанистички проекти
    • Завршени урбанистички планови
    • Јавен увид
    • Стручен испит за урбанистичко планирање
    • Стручна и јавна расправа
  • Контакт
Во Кумановскиот регион ќе инвестираме повеќе од 70 милиони евра во патишта
06.02.2018

Во Кумановскиот регион ќе инвестираме преку 70 милиони евра во патната инфраструктура во изградба на експресни патишта и реконструкција на регионалните кои го поврзуваат Куманово со другите општини, изјави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески при доделувањето на решенија за легализација на граѓани во општина Куманово.

" Остварив работна средба со градоначалникот на Куманово на која разговаравме за проектите што општината ги реализира во соработка со Министерството за транспорт и врски, како и за други тековни проекти. Во следниот периодот ќе инвестираме преку 70 милиони евра во изградба и реконструкција на патната инфраструктура во овој регион. Тука би ги спомнал: изградбата на експресниот пат Ранковце – Крива Паланка, изградба на трета лента од Крива Паланка до Деве Баир, реконструкција на регионалните патишта од Куманово до Свети Николе, од Куманово до Опае и до Никуштак и други помали патни правци" изјави министерот Сугарески. 

Тој заедно со градоначалникот на општина Куманово доделија триесетина решенија за легализација на дивоизградено објекти и притоа апелираа граѓаните да ги запазат новите рокови за легализација.

"Посетата на општина Куманово ја искористив и да доделиме решенија за легализација на бесправно изградени објекти. Ова е многу важен процес за сите и затоа апелирам до сите граѓани кои се уште ја немаат поднесено потребната документација, да го направат тоа што побрзо во роковите што ги предвидовме:

Едниот до крај на 2018 година сите оние кои претходно не доставиле никакво барање за легализација, значи потенцирам, станува збор за нови барања. И другиот до крај на месец јуни оваа година, за граѓаните кои претходно не ги комплетирале потребните документи, за одново да ја започнат постапката за легализација", изјави министерот Сугарески.

Министерот апелираше до сите градоначалници кои ги немаат во целост искористено средствата од ЕИБ, до Министерството за транспорт и врски најдоцна до април годинава, да поднесат готови проекти за да можат истите навремено да ги реализираат. 



За нас

Раководна структура

Организациона шема

Кодекс за административни службеници

Програма

Останати линкови

Влада на Република Северна Македонија

Собрание

Влада на РСМ - Услуги

Останати линкови

Социјални мрежи

Facebook

Youtube