Република Северна Македонија


Министерство за транспорт

  • Насловна
  • Министерство
    • Органограм
    • Раководна структура
      • Министер
      • Заменик министер
      • Државен секретар
    • Сектори
      • Поддршка на Министерот
      • Општи работи
      • Патен сообраќај
      • Железници
      • Европска Унија
      • Сектор за воздухопловство
      • Финансиски прашања
      • Уредување на простор
      • Документирање и управување со градежно земјиште
      • Нормативни и правни работи
      • Управно надзорни работи
      • Станбено-комунални работи и инфраструктура
      • Прекршоци
    • Државни советници
      • Советници
    • Органи во состав на министерството
      • Капетанија на пристаништата
      • Управа за сигурност во железничкиот систем
    • Независни оделенија
      • Внатрешна ревизија
      • Човечки ресурси
      • Стратешко планирање
  • Медиа центар
    • Вести
    • Соопштенија
    • Интервјуа
    • Покана до медиуми
    • Односи со јавност
  • Огласна табла
    • Јавни oбјави
    • Испити
    • Јавни огласи
  • Регулатива
    • Градење
    • Урбанизам
    • Градежно земјиште
    • Патен сообраќај
    • Железнички сообраќај
    • Воздухопловство
    • Внатрешна пловидба
    • Станбена и комунална изградба и домување
    • Поштенски услуги
  • Проекти Светска банка
    • Проект за локални патишта LRCP
    • Проект за олеснување на транспорт и трговија TTFP
  • Јавни набавки
    • Огласи за јавни набавки
    • Склучени договори
  • Финансии
    • Буџет
  • Уредување на просторот
    • Планска/Проектна програма за планови и проекти
    • СОЗЖС
    • Завршени урбанистички проекти
    • Завршени урбанистички планови
    • Јавен увид
    • Стручен испит за урбанистичко планирање
    • Стручна и јавна расправа
  • Контакт
Започна осветлувањето на тунелите на Коридор 10
28.05.2016

Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски и директорот на ЈП за државни патишта Александар Стојанов извршија увид во осветлувањето на тунелот пред Велес.

Денеска сме на автопатот на Коридорот 10 каде во соработка со ЈП за државни патишта започнавме еден проект за осветлување на тунели и клучки на овој Коридор. Поточно се работи за осветлување на три тунели и тоа овој пред Велес каде денеска извршивме увид во работата, потоа на тунелот на потегот од Велес кон Катланово, а претходно веќе се изврши комплетно осветлување на тунелот од Катланово кон Велес, изјави министерот Мисајловски.

Осветлувањето на тунелите ќе се изврши со ЛЕД сијалици со што значително ќе се зголеми прегледноста на возачите а со тоа и безбедноста во сообраќајот. Исто така ќе се изврши и осветлување пред и после тунелот на ист начин како што е осветлен и тунелот кај Катланово. По завршување на овој тунел веднаш ќе се започне со работа и на третиот на потегот Велес Катланово и очекуваме некаде до октомври оваа година  да го завршиме осветлувањето, изјави министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски.

Министерот Мисајловски истакна дека се планира во исто време да се изврши и осветлување на клучката Велес - Север, која се наоѓа на неколку стотини метри од тунелот, потоа расксницата Прилеп - Плетвар и раскрсницата кај Крушево. Вкупната инвестиција ќе изнесува 17, 6 милиони денари.

Исто така овој месец започнавме и со санација и поставување на сигнализација на тунелите на државните патишта. Преку овој проект ќе се санираат 7 тунели и тоа: тунел Блаце, тунел на патот Градско-Прилеп, тунел на патот Битола-Прилеп, тунел на автопатот Велес-Катланово, и трите тунели на автопатот Катланово-Велес. Вкупната вредност на овој проект е 23,4 милиони денари  и се очекува до крај на година комплетно да бидат завршени, изјави Александар Стојанов директор на ЈП за државни патишта.

Директорот Стојанов појасни дека до сега осветлени се 70 км што преставува 41 % од вкупната осветлена должина на патиштата.




За нас

Раководна структура

Организациона шема

Кодекс за административни службеници

Програма

Останати линкови

Влада на Република Северна Македонија

Собрание

Влада на РСМ - Услуги

Останати линкови

Социјални мрежи

Facebook

Youtube