Република Северна Македонија


Министерство за транспорт

  • Насловна
  • Министерство
    • Органограм
    • Раководна структура
      • Министер
      • Заменик министер
      • Државен секретар
    • Сектори
      • Поддршка на Министерот
      • Општи работи
      • Патен сообраќај
      • Железници
      • Европска Унија
      • Сектор за воздухопловство
      • Финансиски прашања
      • Уредување на простор
      • Документирање и управување со градежно земјиште
      • Нормативни и правни работи
      • Управно надзорни работи
      • Станбено-комунални работи и инфраструктура
      • Прекршоци
    • Државни советници
      • Советници
    • Органи во состав на министерството
      • Капетанија на пристаништата
      • Управа за сигурност во железничкиот систем
    • Независни оделенија
      • Внатрешна ревизија
      • Човечки ресурси
      • Стратешко планирање
  • Медиа центар
    • Вести
    • Соопштенија
    • Интервјуа
    • Покана до медиуми
    • Односи со јавност
    • Фото галерија
  • Огласна табла
    • Јавни oбјави
    • Испити
    • Јавни огласи
  • Регулатива
    • Градење
    • Урбанизам
    • Градежно земјиште
    • Патен сообраќај
    • Железнички сообраќај
    • Воздухопловство
    • Внатрешна пловидба
    • Станбена и комунална изградба и домување
    • Поштенски услуги
  • Проекти Светска банка
    • Проект за локални патишта LRCP
    • Проект за олеснување на транспорт и трговија TTFP
  • Финансии
    • Буџет
  • Јавни набавки
    • Огласи за јавни набавки
    • Склучени договори
  • Уредување на просторот
    • Планска/Проектна програма за планови и проекти
    • СОЗЖС
    • Завршени урбанистички проекти
    • Завршени урбанистички планови
    • Јавен увид
    • Стручен испит за урбанистичко планирање
    • Стручна и јавна расправа
  • Контакт
Започна со изградба експресниот пат од Градско до Прилеп
21.07.2016

Денеска министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски заедно со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и директорот на ЈП за државни патишта Александар Стојанов извршија увид во градежните активности за изградба на експресниот пат Градско - Прилеп во должина од 33,5 километри со проценета вредност од 70 милиони евра.

Веќе се реализира првата фаза во должина од 10 километри од Фаришката до Дреновската клисура, која се гради на речиси комплетно нова траса на постојниот пат, 95 проценти се нова траса, а пет проценти ќе се спојува со стариот пат во клисурите каде ќе има проширување.

Инвестицијата за тој дел од трасата е 31,8 милиони евра, а градежните активности ги реализира  шпанската компанија „Рубау“. Досега се исчистени 70 отсто од овој дел од трасата на која се планира да се изградат 15 мостови и вијадукти, а по завршувањето на неа да се вози со просечна брзина од 80 километри на час.

На трасата ќе има два тунела, еден од 40 и еден од 140 метри. Ова, како што истакна министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, е најтешкиот дел од патот.

Во втората фаза во текот на 2007 година се планира да почнат градежните работи на делницата Градско – Росоман – клучка Кавадарци во должина од 16 километри, со проценета вредност на градба од 31,4 милиони евра. Изградбата на овој дел од делницата треба да трае 24 месеци, а во третата фаза ќе се врши проширување на делницата од Тројаци до Плетвар и влезот кај Прилеп во должина од 7,5 километри за што е изготвена проектна документација, а проценетата вредност за градба е 5,7 милиони евра. Се очекува на почетокот на следната година за оваа делница да се распише повик за изведување на градежни работи.

Како што рече Мисајловски, се очекува експресниот пат од Градско до Прилеп, што с егради со средства од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), целосно да биде готов за три до четири години. Стариот пат од Градско до Прилеп се планира да остане како регионален пат.

Парарелно со Прилеп-Градско, укажа Груевски, Груевски  се градат и експресните патишта Штип - Кочани  и Велес - Кадрифаково, а во тек се градежни активности и за изградба на автопатиштата Кичево - Охрид, Скопје - Штип и Демир Капија - Смоквица.





За нас

Раководна структура

Организациона шема

Кодекс за административни службеници

Програма

Останати линкови

Влада на Република Северна Македонија

Собрание

Влада на РСМ - Услуги

Останати линкови

Социјални мрежи

Facebook

Youtube