Започна со изградба водоснабдителниот систем во с. Долно Количани
08.07.2016
Започнува
изгардбата на водоводниот систем во Долно Количани, инвестицја од околу 100
илјади евра, денеска нјави министерот за Транспорт и Врски Владо Мисјасловски
по днешната постена во с Долно Количани.
-Пред неколку месеци како дел од
тим предводен од претседателот на ВМРО – ДПМНЕ Никола Груевски присуствував на
средбата на која жителите побараа
изградба на водоснабдителен систем, бидејќи сегашниот систем не ги задоволува
потребите на жителите. Денеска на мое
големо задоволство повторно во сум с. Долно Количани каде што можам да најавам
дека започнуваме со реализација на ветувањето, а тое е изградба на нов
водоснабдителен систем, изјави Мисјаловски.
Овој проект ќе се
рализира во две фази со сретства од буџетот на Министерството за транспорт и
врски. Вкупната инвестиција за овој проект изнесува 5.3 милиони денари.
Во првата фаза ќе
се изгради цевковод во должина од 3, 5 километри на кој жителите диркетно ќе се
поврзат, а во втората фаза се планираме да се изгради секундарна мрежа со која
водата директно ќе се доведе до корисниците.
Со изградбата на
овој водовод ќе се обезбедат потребните количини на вода за користење на
жителите на Количани и се надевам дека на тој начин ќе се зголеми квалитетот на
живот во оваа општина, потенцира Министерот.
При средбата со
жителите, министерот Мисајловски изјави дека многу важно е што овој проект е по
барање на жителите, Владата преку МТВрски најде средства и сили да се реализира
и ова барање на граѓаните.