Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески учествува на конференцијата посветена на Европскиот мултимодален транспорт, како можност за подобро поврзување, која се оддржува во Софија, Република Бугарија

Во рамките на конференцијата која се оддржува на министерско ниво, министерот Сугарески ја претстави стратегијата на Република Македонија за развој на мултимодалниот транспорт.

Република Македонија има изработено физибилити студија во која студија утврдена е една точка каде се вкрстуваат патничкиот и железничкиот транспорт. Мултимодалниот транспорт во таа точка треба да обезбеди побрзо и поефикасно одвивање на целокупниот транспорт. Во следниот период, потребно е да се изработи проектна документација и да се распише јавен повик за изградба на таква функционлана целина која ќе ги задоволи сите меѓународни стандарди за унапредување на севкупниот транспорт во државата.

  Имавме можност да видиме различни искуства во земјите од Европа како е спроведен мултимодалниот транспорт. Нашата стратегија во унапредување за овој вид на одвивање на транспортот ја претставив пред колегите министри. Сметам дека на сме во вистински правец за олеснување на транспортот во државата преку оваа форма”, изјави министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.

Во рамките на конференцијата, министерот Сугарески оствари средба со Еврокомесарката за транспорт, Виолета Булц како и билатерални средби со министрите за транспорт од регионот, на кои средби ги потенцира заложбите на Република Македонија за реализација на крупните инфраструктурани проекти за регионално поврзување.