Директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов претстојува во работна посета на Словенија каде оставри средба со Томаз Видич, директор на Државното пртепријатие за патишта на Словенија -ДАРС

  Во рамки на посетата, двајцата директори потпишаа Меморандум за соработка. 

Со Меморандумот предвидено е зголемување на соработката меѓу двете претпријатија, пред се размена на искуства во примената на нови технологии, едукација и студиска посета на вработени и други активности поврзани со работењето на двете државни претпријатија.

“ Имам особена чест да присуствувам во посета на словенечкото државно претпријатие за патишта со кое потпишавме Меморандум за соработка. За време на разговорите со мојот колега, поблиску се запознав со нивната работа како и со новите техологии кои ги применуваат во рамките на претпријатието.  Разговараме за сите сфери од работењето на двете претпријатија, а посебно за новиот систем за наплата на патната такса кој се применува во Словенија и кој е иновативен во регионот. Сметам дека нивните искуства особено ќе ни помогнат во подобрување на капацитетите на нашето претпријатие”, изјави Зоран Китанов,  директорот на ЈП за државни патишта

И двајцата директори се согласија од потребата за зголемување на соработата меѓу државните претпријатија на повиско ниво.