Почитувани,

Соглaсно член 8-а и 8-б  од  Законот за превоз во патниот сообраќај (Службен весник на Република Македонија број 68/04, 127/06, 114/09, 83/10, 140/10, 17/11, 53/11, 6/12, 23/13, 120/13, 163/13, 187/13,42/14, 112/14, 166/14, 97/15, 124/15, 129/15, 193/15, 37/16, 71/16, 140/18 и 163/18) и член 2 од Правилникот за програмата за полагање на испитите и постапката за добивање на сертификатот за обучувачи за учество на возачите во меѓународниот превоз на патници и стоки и сертификатот за обучувачи за професионална компетентност (Службен весник на Република Македонија број 109/14), Министерството за транспорт и врски Ве известува дека полагањето на испит за добивање сертификат за обучувачи за учество на возачите во меѓународниот превоз на патници и стокиќе се одржи на 19.12.2018 година во 09,00 часот, а полагањето на испит за добивање сертификат за обучувачи за професионална компетентност ќе се одржи на 19.12.2018 година во 11,00 часот, во просториите на Министерството затранспорт и врски, Сала 1.

 

Пријавувањето за полагање на испитот се врши со поднесување пријава до Министерството за транспорт и врски најдоцна 2 дена пред одржувањето на испитот.

  За сите дополнителни информации можете да контактирате на телефон 02/3145-888.

Со почит,

МИНИСТЕРСТВО ЗА ТРАНСПОРТ И ВРСКИ