Железничкото поврзување меѓу Македонија и Бугарија беше тема на разговорите што ги имаа денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и еврокомесарката за транпорт Виолета Булц на маргините на Самитот 100.

- Една од темите на разговор беше максимално да се забрза изградбата во тој дел. Таму имаше проблем со експропријацијата што добар дел ги надминавме и почнавме процес со преткфалификација што е врзано со овие 70 милиони евра со цел да ја забрзаме динимаиккта на работа - изјави Сугарески.

Сугарески  соопшти дека е важно максимално да се искористат финансисиите што се на располагање за железничката делница Битола- Кременица за поврзување со Грција. За тој дел од пругата до крајот на годината треба да се склучи договор со изведувачот и максимално да се работи, за да не ги изгубиме средствата од ИПА и да може до крајот на годината да имаме железничка пруга до грчка граница, рече Сугарески.

Еврокомесарката Булц рече дека без меѓугранично транспорно поврзување не е можно да се развива заедничката економска средина на шесте држави од Западен Балкан.

- Железницата е најдобар начин да се оди напред, бидејќи во истовреме ги испорачувате барањата за меѓусебно усогласување за класичниот патен транспорт. Мило ми е што железницата е клучен приоритет - рече Булц.

Таа гледа посветенот кај сите министри за транспорт од регионот по потпишување на Договорот за транспортна заедница што следеше по 10-годишни преговори. Верува дека тоа ќе помогне за спроведување на потребните транспортни проекти, а особено меѓуграничните.

извор: МИА