Бочварски: Заедничкиот МТаг е политика за пример не само во регионот, туку и за сите останати европски држави
16.07.2023
Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски во придружба на премиерот Ковачевски ги промовираа македонскиот МТаг, поминувјаќи ја наплатната станица Прешево во Република Србија, како дел од иницијативата "Отворен Балкан" преку кои се промовираат политики на олеснување на транспортот и превозот на патници меѓу двете земји.
"Драго ми е што една изворна изницијатива денеска се преточи во реалност, а тоа е политика на поврзување, на побрз транспорт, на товарен и патнички транспорт меѓу двете држави. Драго ми е што електронската наплата на патарина во нашата земја веќе има напредок, преку 30% од вкупната наплата се одвива преку електронски уреди и безготовинскиот систем. И оваа политика е пример не само во регионот, туку и за сите останати европски држави. Ние ќе продолжиме и понатаму да работиме со мојот пријател, министерот за транспорт Весиќ за олеснување на транспортот на нашите транспортни компании и нашите патници кои патуваат и транзитираат низ двете државни. Уште еднаш ја поздравувам иницијативата и посакувам нашите граѓаните да видат благодет од тоа што ние денеска го промовираме", изјави министерот Бочварски.
Исто така, министерот Бочварски и министерот за сообраќај и градежништво на Република Србија, Горан Весиќ, денеска го промовираа електронскиот систем за наплата на патарина - Мтаг и во Северна Македонија поминувајќи ја заеднички наплатната станица Романовце и докажувајчи ја заедничката иницијатива за олеснување на транспортот меѓу двете земји и двата народи.