Дополнителен термин за полагање за сертификат за учество на возачите во меѓународниот патен сообраќај
11.07.2023
С О О П Ш Т Е Н И Е
Согласно Закон за превоз во патниот сообраќај и Закон за превоз на опасни материи во патниот и железничкиот сообраќај, Министертвото за транспорт и врски закажува датуми за електронско полагање на испити. Ве известуваме дека поради зголемена заинтересираност на кандидатите за полагање за добивање сертификат за учество на возачите во меѓународниот патен сообраќај, закажан е дополнителен термин за полагање на ден 21.08.2023 година.