Јавен оглас за распределба на социјална зграда во Виница
14.10.2022
Врз основа на Одлуката за распределба на социјални станови, како и условите за нивно користење изградени по Програмата за изградба, продажба и одржување на станбениот простор во сопственост на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.37/22 и 38/22), Министерството за транспорт и врски на Република Северна Македонија
ОБЈАВУВА ОГЛАС
за распределување на 36 социјални станови во општина Виница во станбенa зградa на улицa „Плачковички одред“ бр.34 во Виница изградени по Програмата за изградба, продажба и одржување на станбениот простор во сопственост на Република Северна Македонија во општина Виница, а согласно рамковниот договор за заем склучен меѓу Банката за развој при Советот на Европа и Република Северна Македонија Во прилог огласот: