Јавен повик за прелиминарна распределба на социјални станови во Гостивар
16.05.2022
Ј А В Е Н П О В И К
Се известуваат сите заинтересирани граѓани кои конкурирале на Огласот за распределување на 70 социјални станови во општина Гостивар, во станбена зграда на ул.„ЈНА“ бр. 283-Б во Гостивар, изградени по Програмата за изградба, продажба и одржување на станбениот простор во сопственост на Република Северна Македонија во општина Гостивар, а согласно рамковниот договор за заем склучен меѓу Банката за развој при Советот на Европа и Република Северна Македонија, објавен од страна на Министерството за транспорт и врски во дневните печати Слободен Печат и Коха, дека на 17.05.2022 година (вторник) во 10,30 часот во Центарот за Култура - АСНОМ во Гостивар, ќе се изврши јавна електронска распределба на социјалните станови.