ОГЛАС ЗА РАСПРЕДЕЛБА НА СОЦИЈАЛНИ СТАНОВИ ВО ОПШТИНА ГОСТИВАР
04.03.2022
Врз основа на Одлуката за распределба на социјални станови, како и условите за нивно користење изградени по Програмата за изградба, продажба и одржување на станбениот простор во сопственост на Република Северна Македонија (“Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.37/22 и 38/22), Министерството за транспорт и врски на Република Северна Македонија
ОБЈАВУВА ОГЛАС
за распределување на 70 социјални станови во општина Гостивар во станбенa зградa на улицa „ЈНА“ бр. 283-Б во Гостивар изградени по Програмата за изградба и одржување на станови сопственост на Република Северна Македонија во општина Гостивар, а согласно рамковниот договор за заем склучен меѓу Банката за развој при Советот на Европа и Република Северна Македонија