Повик за предлози за измени на Уредбата за начинот на распределба, дистрибуција и ревизија на искористеноста на дозволите за меѓународен превоз на стока
10.03.2022
Ве информираме дека Министерството за транспорт и врски започна со изготвување на измените на Уредбата за начинот на распределба, дистрибуција и ревизија на искористеноста на дозволите за меѓународен превоз на стока.
Заради транспарентност и инклузивност на сите чинители во транспортната дејност во Република Северна Македонија, ги повикуваме сите превозници кои вршат меѓународен превоз на стока, асоцијации и здруженија на превозници активно да се вклучат во изготвување на измените на Уредбата за начинот на распределба, дистрибуција и ревизија на искористеноста на дозволите за меѓународен превоз на стока („Службен весник на Република Македонија“ бр. 163/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 263/19, 269/20 , 36/21 и 219/21).
Сите заинтересирани своите предлози да ги доставуваат до Министерството за транспорт и врски по електронски пат на емаил адреса : kabinet.minister@mtc.gov.mk, и тоа најдоцна до 16.03.2022 година.