Согласно Закон за превоз во патниот сообраќај и Закон за превоз на опасни материи во патниот и железничкиот сообраќај, Министерството за транспорт и врски закажува датуми за електронско полагање на испити. Ве известуваме дека поради технички проблеми, испитите за добивање сертификат за учество на возачите во меѓународниот патен сообраќај закажан за ден 02.11.2023 година, испитoт за добивање сертификат за стручно оспособување на возачите на моторни возила за превоз на опасни материи во патниот сообраќај закажан за ден 03.11.2023 година, испитoт за добивање сертификат за стручно оспособување на советник за безбедност при превоз на опасни материи во патниот сообраќај закажан за ден 01.11.2023 година и испитoт за добивање сертификат за професионална компетентност на управителот закажан за ден 01.11.2023 година, ќе бидат одложени. За новите датуми за одржување на испитите, дополнително ќе информираме.