ФОТО: Голем напредок во расчистувањето на поплавените подрачја
17.08.2016
Денеска претседателот на Владата на Република Македонија Емил Димитриев заедно со министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, министерот за внатрешни работи Митко Чавков и градоначалникот на општина Гази Баба Тони Трајковски извршија увид во санирањето на поплавените подрачја во Скопје.
Сликата во скопско Смилковци кое беше погодено од поплавите се менува. Од ден по поплавите до денес разликата на терен е огромна и напредокот кој е постигнат во однос на санацијата на штетите е значителен. Жителите на Смилковци се благодарни за брзата реакција на институциите и се она што било направено за нив во изминативе денови.
Со засилено темпо се работи на расчистување и вракање во нормализација на овој дел од Скопје. Од увидот може да се утврди дека се расчистени и оспособени сите поголеми улици, а жителите добија и струја.
Дополнително беше истакнато дека каналите е расчистуваат и во иднина ќе продолжат да се чистат и одржуваат. Во еден од каналите во Смилковци веќе се заменети старите цевки со нови поквалитетни.
Исто така се санира и игралиштето во Смилковци каде планирано е да се одржи хуманитарен турнир од кој собраните средства ќе се донираат за поплавените подрачја.