Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески денеска оствари средба со директорот на Македонски Енергетски Ресурси (МЕР) Благојче Котески, на која средба разговараа за процесот на гасификација и изградбата на секундарнара мрежа во Република Македонија.
На средбата директорот го информираше министерот за диманиката на изградба на делниците Неготино - Битола и Скопје - Гостивар како и најавите за интерконекција со Грција и Бугарија.
Во прилог изјавата за новинарите на министерот Сугарески:
"Гасификацијата
е врвен пиоритет на Владата и во таа насока ќе продолжиме интензивно да
работиме да обезбедиме цевки со гас до секоја општина. На одредени траси имаме
проблеми со експропријацијата но се работи на терен и верувам дека во следниот
период ќе ги надминеме сите вакви ситуации за да можеме ефикасно да продолжиме
со изградбата.
Денеска
со директорот на МЕР имавме средба на која ги елабориравме плановите за
динамиката на изградба на магистралните делници.
Сакам
да ве информирам дека интензивно работиме на разрешување на имотно правните
работи во делот на ескпропријацијата и на двете делници и тоа делницата Неготино
- Битола која очекуваме да биде завршена во 2020 година, како и на делницата
Скопје-Тетово-Гостивар која очекуваме да биде готова крајот на 2019 година.
За
да влеземе во еден непречен ритам во изградба, оваа година паралелно ќе работиме
и на решавање на експропријацијата и на изградба на одредени делови, така да следната
година очекуваме да имамае чист терен и ефикасно да продолжиме и да ги завршиме
овие магистрали.
За
оваа година обезбедивме околу 40 милиони евра за гасоводната мрежа и очекувам
дека со силно темпо ќе продолжиме да го реализираме овој проект кој е од
исклучително значење не само за граѓаните туку и за целокупната економија", истакна министерот.