Мисајловски: Над 300 машини и 1200 пумпи на терен во поплавените подрачја
12.08.2016
Над 300 машини работат на терен и над 1200 пумпи се вклучени за расчистување
на местата кои се зафатени од невремето во Скопскиот регион. Исто така за само неколку
дена направени се над 1200 проценки за штета, информира министерот за транспорт
и врски Владо Мисајловски при денешната посета на Страчинци.
Заедно со министерот Мисајловски во посета на Страчинци
беше и претседателот на ВМРО – ДПМНЕ Никола Гриевски.
Министерот Мисајловски информираше дека за само 3 дена
улиците се целосно расчистени и денеска се започнува со расчистувањето на
дворовите, а потоа и на приодите кон земјоделското земјиште.
Исто така тој нагласи дека месното население во Страчинци
е одлично организирано и соработува со луѓето што ѓи управуваат машините.
Претседателот на месната заедница Аднан Ајрула изрази задоволство од помошта на
државните органи за нормализација на ситуацијата и информира дека веќе целото село е приклучено на електрична
енергија. Половина од жителите имаат добиено вода, а другата половина се
очекува вода за пиење да добијат во текот на утрешниот ден.
Тој нагласи дека од општина Гази Баба веќе ги добиле
неопходните цевки за досредување на
водоводот.
Ајрула најави дека за утре граѓаните самоиницијативно ќе
го исчистат училиштето и ќе го оспособат за во него да почне наставата.
- Тоа што го ветивте се исполни. Мислевме за 30 дена нема
да влеземе во куќите, се се расчисти за три дена, рече Ајрула.
Исто така тој го информираше претседателот на ВМРО –
ДПМНЕ Никола Груевски дека стручни екипи констатирале дека браната одлично го
издржала невремето и доколку попуштело езерото ќе настанела поголема штета во
населените места Стајковци и Сингелиќ
Градоначалникот на општина Гази Баба, Тони Трајковски
најави дека наскоро ќе почне и обновата на улиците кои беа поплочени со
бекатон.
Локалните жители од општината побарале само да го
направат тампонот, а тие сами ќе се
снајдат за бекатон.
Во понеделникот Груевски заедно со министерот Мисајловски
беа во посета на ова населено место каде што имаше огромни штети, а само за три
дена речиси е целосно оспособено селото нормално да функционира.
Жителите се задоволни од помошта што им ја пуштаат
властите и очекуваат многу скоро целосно да биде направен асфалтниот пат од
селото до обиколницата.
Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски и
претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски заедно со министерот за внатрешни
работи Митко Чавков подолжија со посета на селото Црешево за на лице место да
видат како се одвиваат работите за расчистување на последиците од поплавите.
Како што информира Чавков, на жителите на Црешево први на
помош им дошла полицијата, а во расчистувањето на последиците од невремето
учествувале 200 полицајци, 100 припадници на АРМ и 200 доброволци.
Тој нагласи дека иако се при крај работите за целосно
оспособување на селото, до вторник
екипите ќе останат на терен за веднаш потоа механизацијата и машините да бидат
префрлени во местата каде што се најпотребни, односно во Стајковци каде се
поплавени 700 од вкупно 1.000 куќи.
Жителите на Виниче се задоволни од динамиката на помошта
за санирање на штетите од поплавите.
Патот во Виниче што беше оштетен при саботните поплави е
саниран и тампониран. Жителите на Виниче се задоволни од динамиката на помошта
за санирање на штетите од поплавите и побараа да им се обезбеди еден гасеничар
за санација на патот до локалниот водовод.
Како што го информираа Груевски, вработени од ЈП Водовод
и Канализација утринава се обиделе да стигнат до каптажата за да ја хлорираат водата, но
планинскиот пат кој го користат бил целосно уништен на неколку места. Затоа им
е неопходна тешка механизација за да се санира состојбата и водата навремено да
се хлорира.
Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски вети
дека во текот на утрешниот ден ќе биде испратена соодветна машина за да се
санира патот и да може непречено да се хлорира водата во Виниче.
Во населеното место Смилковци кое беше погодено од
силното невреме во саботата попладне, целосно исчистени се три улици, додека
четири делумно и нивната санација е во тек.
При денешната посета на претседателот на ВМРО - ДПМНЕ во
Смилковци, беше истакнато дека водата е испумпана од куќите, а се работи на
чистење на сметот и отстранување на угинатиот добиток.
Екипи од Комисијата за проценка на штети се на терен и во
ова населено место.
Жителите на Смилковци се благодарни и задоволни од брзата
санација, како и од фактот дека имаат вода и струја.