Мисајловски во работна посета на Крушево и Кривогаштани
09.07.2016
Денеска министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски заедно со
владиниот тим и претседателот на ВМРО – ДПМНЕ беше во работна посета на општините
Кривогаштани и Крушеани каде што ги посетија проектите што се реализираат во
ракмките на ресорот за транспорт.
Во населеното место место Крушеани владиниот тим изврши увид во изградбата
на фекалната канализација. Со проектот се предвидува да се изгради една
пумпна станица, изградба на фекална каналзација во должина од 1.700 метри и
изградба на цевковод во должина од 250 метри. Вкупна инвестиција за овој проект
е 109 582 евра.
Исто така како дел од оваа средба министерот Мисајловски заедно со владиниот
тим и претседателот на ВМРО – ДПМНЕ извршија увид на ркеонструкцијата на
регионалниот пат Кривогаштани – Обршани – Воѓани кој е во должина од 9,5
километри, инвестицијата е вредна 1, 13 милиони евра.
Дополнително владиниот тим ги посети и останатите проекти што ги реализира
Владата на Република Македонија во соработка со општините Крушево и
Кривогаштани.